Отворена најмодерната спортска арена во Минхен, изградбата чинеше 300 милиони евра

Градот Минхен има нова атракција. „SAP Mega Arena“ беше официјално отворена со натпревар во хокеј на мраз помеѓу Ред Бул Минхен и НХЛ клубот Бафало Сејбрс.

Изградбата на споменатата арена беше чинеше 300 милиони евра и ќе се смета за најмодерна мултиспортска арена во Германија, каде в четврток токму во оваа сала ќе гостува Реал Мадрид на отворањето на Евролигата против домашниот Баерн.

Вкупниот капацитет на салата е 11.500, а има и 4 површини на мраз кои можат да се користат не само за хокеј на мраз, туку и за спортови како уметничко лизгање, брзо лизгање или карлинг.

Сместена е во Олимпискиот парк во Минхен, чиј лик одговара и на зелениот покрив на арената, а внатре има LED видео коцка со вкупна тежина од 16 тони.

Се простира на вкупно 22.500 метри квадратни и се состои од 7 ката, од кои три се под земја. Има и 224 паркинг места, вклучително и тимски автобуси. Има 3 соблекувални за професионални играчи во хокеј на мраз, како и 12 за млади.

Во склоп на „SAP Garden“ има и ресторан со отворена тераса која е отворена во текот на целата година, како и фан-шопови на кошаркарскиот клуб Баерн и хокеј клубот Ред Бул Минхен, вклучувајќи кино, балетска сала, теретана и околу 1.000 деловни места.

Нема што, Минхен доби феноменална спортска сала која во иднина ќе биде корисна и за хокеарите и за кошаркарите.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Архитектура

Полска го гради најголемиот транспортен центар во Европа

Read more

Како Грција почнува да гради свој Дубаи?

Read more

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Read more

Азиски мултимилијардер ќе ги реновира Титовите Хаваи кај Дубровник

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека сте во врска со емоционално незрел партнер

Читај повеќе

Дали е нормално да разговарате сами со себе и кога ви е потребна стручна помош?

Читај повеќе

Едноставно јапонско правило во исхраната може да ви помогне да ослабете

Читај повеќе

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе