Најпопуларна серија на Netflix изминатата недела беше „13 Reasons Why“. Серијата исто така е најпопуларна содржина на стриминг платформата, без разлика на форматот.
Четвртата и последна сезона на популарната тинејџерска драма е достапна на Netflix од минатата недела и веќе се најде на листата најгледани содржини. Серијата уште се смета за контроверзна бидејќи некои критичари сметаат дека го глорифицира самоубиството кај тинејџерите, додека публиката е со став дека серијата реално ги прикажува проблемите со кои се соочуваат тинејџерите денес и животите кои тие ги живеат, а за кои возрасните немаат никаква идеја.
На второ место е комедијата со Стив Карел „Space Force“. Серијата за генерал кој ги води новоформираните Вселенски сили (Space Force) на Вооружените сили на САД. Серијата засега има поделени мислења од критиката, а и гледачите не кријат дека се разочарани од проектот од кој имаа големи очекувања. Изненадувачки, тоа сепак не ја намалува гледаноста на серијата.
На трето место е документарниот серијал за Џефри Епстин, а како изгледа целосната листа на најгледани серии на Netflix во моментов, погледнете понатаму: