Оваа земја тврди дека нема ниту еден случај на коронавирус

Б.С.Б.
/ 25.09.2021 / 13:38

Скоро две години од почетокот на пандемијата, Туркменистан нема ниту еден случај на зараза со новиот коронавирус. Или барем така тврди владата на таа земја, пишува CNN. Активистите велат дека тоа е лага.

Поранешната советска република со скоро 6 милиони жители е една од најмалку пет земји кои не пријавиле ниту еден случај на зараза со SARS-CoV-2, според прегледот на податоци собрани до Универзитетот Џон Хопкинс и Светската здравствена организација.

Три од нив се изолирани острови на Пацификот, а четвртата земја без официјална потврда е Северна Кореја, држава под строг надзор на власта.

Репресивниот претседател на Туркменистан, Гурбагули Беримукамедов, кој владее од 2006 година, ги отфрли извештаите за COVID-19 во земјата како лажни и во обраќањето на Обединетите Нации изјави дека одговорот на пандемијата не треба да се политизира.

Сепак, независните организации и новинари надвор и во Туркменистан велат дека постојат докази дека земјата се бори со третиот бран кој ги преполни болниците и уби многумина, предупредувајќи дека претседателот ја намалува заканата од смртоносниот вирус во обид да ја одржи неговата слика во јавноста.

„Наместо да прифати и соработува со меѓународната заедница, Туркменистан одлучи да ја стави главата во песок“, вели Руслан Туркмен, уредник на холандска независна новинска агенција.

Тој вели дека лично собрал имиња на повеќе од 60 луѓе кои починале од ковид, сите случаи се проверени здравствени картони и рендген снимки кои откриваат тешко оштетување на белите дробови и медицинско лекување.

Владата на Туркменистан не одговори на барањата на CNN за коментар.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе