Овенот Оскар стана популарен во Аргентина благодарение на Tik Tok и видеата каде се појавува со шал и беретка.
„Прво почнав да му ја ставам беретката, па потоа да го викам да пиеме мате, се преправаме дека го пиеме и така се спријателивме. Кога го повикувам, тој го препознава мојот глас и доаѓа“, вели Клаудио Клеин, стопанот на оскар и негов пријател.
Инаку, мате е традиционален јужноамерикански пијалок богат со кофеин кој се прави од истоимената билка.
Тој живее во аргентинското гратче Ногожа, близу уругвајската граница во северниот дел на државата.
Клаудио вели на Оскар му се обраќа како да е човек. Инаку овенот е стар година и пол.
„Почнав да му зборувам како на човек, па почна и да ми обрнува внимание и да ме следи, да ми приоѓа, да ми дозволува да го погалам. Дозволува и да му ставам беретка или шал. Откако почна да ми обрнува внимание почнав и да го снимам“, објаснува тој.
Овенот Оскар има илјадници следбеници на Tik Tok кои ги гледаат неговите рурални авантури.