Netflix ретко споделува податоци за гледаноста на своите филмови и серии, освен ако не станува збор за исклучително високи бројки. Во неодамнешниот извештај откри дека филмот „Army of Dead“ на Зак Снајдер е изгледан од 75 милиони корисници низ светот.
Овој филм за зомби гледаноста ја достигна во првите 28 дена од прикажувањето. По него следи „Fatherhood“ со Кевин Харт во главната улога. Овој филм има 74 милиони прегледи.
Анимираниот филм „The Mitchells vs. the Machines“ има 53 милиони прегледи.
Кога станува збор за серии, „Sweet Tooth“, снимена според истоимениот стрип на Џеф Лемир, е гледана од 60 милиони корисници. По неа е серијата Shadow and Bone.
Особено популарно е и шоуто „Too Hot to Handle“, кое има прегледи од 29 милиони корисници.