Озил бара поддршка за „Muslim Lives Matter“

Германскиот Турчин му се налути на Арсенал затоа што клубот не го поддржа кога побара поддршка за муслиманите во Кина кои според него се угнетени.

Месут Озил е загрижен за малцинството Ујгури од кое најголемиот дел живее во северозападниот дел на Кина, односно во автономната покраина Синчијан. Се работи за луѓе од турската група на народи кои се муслимани. Инаку, во Кина е забранета било која религија, не само исламот.

„Го палат Куранот, ги затвораат џамиите и училиштата, ги убиваат верските предводници. Мажите ги носат во логори, а нивните фамилии мора да живеат со кинески мажи. Жените мораат да се омажат за Кинез. Но, муслиманите молчат, не се бунат. Ги напуштија. Па нели знаат дека на тој начин го одобруваат овој прогон?“, го крена гласот Озил.

Арсенал на тоа одговори со соопштение: „Објавеното од Озил е негово лично мислење. Како фудбалски клуб, Арсенал одамна има одлучено да не се заминава со политика“.

Ова дистанцирање на неговиот клуб го разлути натурализираниот Германец кој обвини за двојни аршини откако „Топчиите“ претходно дадоа поддршка на движењето „Black Lives Matter“.

„Секој човек е ист. Не е важно која религија и која боја сте - муслиман, христијанин, евреин, црн, бел или нешто друго. Сите сме исти. Она што го кажав не беше против кинескиот народ, беше против оние кои им го прават сето она на ујгурските муслимани и против оние што не им помагаат, како останатите муслимански земји“, вели Озел во интервју за The Athletic.

Од милијарда и пол жители во Кина живеат вкупно 12 милиони Ујгури. Се шпекулира дека кинеските власти во обид да го интегрираат ујгурското малцинство на сила ги носат во т.н. кампови за реедукација. Некои тврдења одат дотаму и дека врз нив се применува стерилизација за да не можат да имаат наследство.

„Многу му дадов на Арсенал, на и надвор од теренот, па нивната реакција ме разочара. Рекоа дека не се мешаат во политика, но ова не е политика, а плус тие се замешаа во други работи“.

„Во Америка видовме дека кога Џорџ Флојд беше убиен светот се крена да каже дека „Црните Животи се Важни“ (Black Lives Matter) и тоа беше коректно. Сите сме еднакви и добро е што луѓето се борат против неправдата. Има многу црни играчи и навивачи на Арсенал и супер е што клубот ги поддржа. Но, посакувам луѓето да го направеа истото и за муслиманите бидејќи Арсенал има многу играчи и навивачи мулсимани и важно е светот да каже дека и 'Муслиманските Животи се Важни' (Muslim Lives Matter)“, заврши играчот на Арсенал.

Инаку, во Кина прогонувано е и населението на Тибет кое ја применува будистичката религија. И Тибеќаните и Ујгурите најмногу се прогонувани не поради нивната религија, туку поради тоа што се залагаат за отцепување со независни држави Тибет и Источен Туркистан.

Сецесионистичките движења во Кина
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Фудбал

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Read more

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе