Пад на доларот

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,29 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,35 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,65 на 157,85 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0740 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0730 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот значителен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,05 отсто, на 85,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 81,55 долари.

Повеќето азиски берзи пораснаа

На повеќето азиски берзи цените на акциите утринава пораснаа, најмногу во технолошкиот сектор, како и вчера на Волстрит, додека вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без Јапонија, во 7 часот порасна за 0,7 отсто, зголемувајќи втор ден по ред.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,1 отсто, а благо паднаа и цените на акциите во Шангај и Австралија. Меѓутоа, во Јужна Кореја и Хонгконг тие се зголемија меѓу 0,9 и 1,9 отсто.

Растот на овие индекси главно се должи на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, поради што, меѓу другото, берзанските индекси во Тајван и Индија достигнаа нови рекордни нивоа.

Така, повеќето азиски берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, кога индексот Dow Jones зајакна за 0,15 отсто, S&P 500 за 0,25 отсто, а Nasdaq за 0,03 отсто.

И вчера на најголемата светска берза, како и во изминатите денови, најмногу пораснаа цените на акциите на производителите на чипови и технолошките компании, па S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа.

Иако немаше нови значајни вести, цената на акцијата на Nvidia скокна за 3,5 отсто, со што производителот на чипови стана најголема компанија во светот по пазарна капитализација, надминувајќи го Microsoft.

Благодарение на еуфоријата во врска со развојот на вештачката интелигенција, цената на акциите на Nvidia скокна за повеќе од 170 отсто од почетокот на годината, па така пазарната вредност на компанијата достигна 3.220 милијарди долари.

Акциите на други производители на чипови, како што се Micron Technology и Qualcomm, исто така поскапеа.

„Сè се врти околу приказната за вештачката интелигенција“, вели Тај Дрејпер, советник во Beacon Capital Management.

Тагови
реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Метеорит најден во Африка менува сè што знаеме за Месечината

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Бизнис

Закерберг се спаси од сведочење во тужба од 8 милијарди долари

Read more

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Read more

Еврото ослабе, доларот зајакна откако Трамп се закани со 30% царини за ЕУ и Мексико

Read more

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Read more
 

Вести

Полска ја криминализира пропагандата на комунистичката идеологија

Читај повеќе

Кремљ: Создадовме одреден имунитет кон западните санкции

Читај повеќе

БиХ останува без 100 милиони евра помош од ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

Се шири теорија на заговор дека обидот за атентат врз Трамп бил исцениран

Читај повеќе

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитет

Читај повеќе

Европа ќе има хиперсоничен вселенски авион до 2031 година

Читај повеќе

Русите напредуваат на три фронта, Украинците ги негираат загубите

Читај повеќе

Платформата за родова еднаквост со остра реакција против предлог-измените на Законот за полиција

Читај повеќе

ЕУ го одобри 18-тиот пакет санкции против Русија

Читај повеќе