Пад на македонската економија од 4,9 отсто, предвидува ЕК

Кога почна пандемијата, предвидовме дека за 2020 година БДП на Северна Македонија ќе има негативен раст од 3,9 отсто, но сега ја коригиравме оваа бројка и сметаме дека ќе изнесува 4,9 проценти. Економијата до крајот на годината не ќе може да се опорави, а клучен проблем, кој не се однесува само на земјата, туку глобално, е можноста ковид пандемијата да трае подолго, рече денеска шефот на Економскиот оддел при Делегацијата на Европската комисија во земјава, Фрек Јанмат, презентирајќи го Есенскиот извештај за економските прогнози на ЕК за Северна Македонија.

Според Извештајот, растот на БДП во 2021 година ќе биде 3,8 отсто, а во 2022 година 3,5 проценти. Се предвидува бавно и неизвесно економско закрепнување.

Државниот долг годинава веројатно ќе надмине 50 отсто од БДП, а се предвидува и негово дополнително зголемување во 2021 година и 2022 година. Стабилизацијата на долгот, првично предвидена за по 2021 година, ќе биде одложена.

До крајот на годинава се очекува и намалување на работната сила, но стапката на невработеност се претпоставува дека ќе остане стабилна.

Постојат срамежливи знаци дека надворешната побарувачка закрепнува, а растот на приватната потрошувачка и инвестициите се предвидува да се вратат во четвртиот квартал.

-Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година, токму поради непредвиливоста колку ќе трае пандемијата, истакна Јанмат на онлајн брифингот со новинарите.

Како што стои во Извештајот, домашната побарувачка, иако поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата.

-Зацврстувањето на домашната побарувачка го поттикнува трговскиот дефицит. Во 2020 година, тековната сметка значително ќе се влоши, но во 2021 – 2022 година оваа слика ќе се промени зашто се очекува домашната побарувачка во голема мера да го поттикне растот на увозот, наведува ЕК.

Ризиците од надворешна страна главно се припишуваат на потенцијално слабите изгледи на автомобилската индустрија во Германија.

-Влијанието врз пазарот на трудот ќе остане благо. По силниот раст на вработеноста во 2019 година, пазарот на трудот добро се држеше досега. Падот на вработеноста беше мал во вториот квартал, бидејќи, пред сѐ, странски копании ги задржаа своите квалификувани работници на платниот список. Со оглед на значителната владина поддршка за вработувањето, загубите на работни места предизвикани од кризата, најверојатно ќе останат благи и во втората половина на годината. Постепено продолжување на растот на вработеноста се предвидува за 2021 и 2022 година, во согласност со економското закрепнување, нагласи Јанмат.

Извештајот укажува дека приходите се намалија за осум отсто годишно, а вториот ребаланс на Буџетот проектира поголем дефицит од претходно планираниот, за да се реализира четвртиот пакет мерки од 470 милинои евра.

-За покривање на буџетските потреби, Владата годинава доби 176 милиони евра кредитна линија од ММФ и макрофинансиска помош од ЕУ вредна 160 милиони евра, покрај еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во мај, се наведува во Извештајот од ЕК. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе