Пад на Волстрит - се чекаат бројките од Црн петок и Сајбер понеделник

Вчера на Волстрит берзанските индекси благо паднаа додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле значително да го раздвижат пазарот. Dow Jones загуби 0,16 отсто, на 35.333 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,20 отсто, на 4.550 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,07 отсто, на 14.241 поен.

Во поголем дел од ноември индексите забележаа силен раст бидејќи поради слабеењето на инфлацијата во САД на пазарот преовладуваше тезата дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки. Дополнително, и покрај наглото зголемување на каматните стапки на ФЕД во текот на изминатата година и половина, најголемата светска економија најверојатно ќе избегне рецесија.

Се чекаат податоците за потрошувачката

Овие тези со недели го поддржуваа растот на цените на акциите, но во последните денови тргувањето беше повнимателно, а индексите стагнираат.

„Пазарот одлучи да земе здив по силниот раст на цените на акциите во ноември. Оваа недела, инвеститорите ќе се фокусираат на податоците за инфлацијата, втората проценка на американскиот бруто-домашен производ, вестите за трошоците и коментарите на шефот на ФЕД“, рече Том Хејнлин, стратег на U.S. Bank Wealth Management.

Во наредните денови, најголемиот дел од податоците за потрошувачката ќе се следат на почетокот на празничната шопинг сезона, која започна на Црн петок и продолжи во Сајбер понеделник. Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,37 отсто, на 7.460 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,39 отсто, на 15.966 поени, а париски CAC 0,37 отсто, на 7.265 поени.

Тагови
реклама

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Read more

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

Read more

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Бизнис

Доларот стабилен, цените на нафтата во пад

Read more

Зошто богаташите масовно продаваат акции?

Read more

Како Германија ќе го решава проблемот со недостиг на работници?

Read more

Русија ќе забрани извор на бензин  - 6 земји ќе бидат изземени

Read more
 

Вести

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Карпош

Читај повеќе

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Читај повеќе

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Читај повеќе

Малолетник од Скопје се обидел да убие друг малолетник на паркинг во Чаир

Читај повеќе

Собранието го донесе Законот за спорт

Читај повеќе

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Читај повеќе

„Клинци“ со „Култура Бета“ по вторпат во Europe House Skopje

Читај повеќе
  • play_arrow

ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации за Бујар Османи

Читај повеќе