Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

На светските девизни пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна минатата недела, по три недели раст, што е последица на растечките очекувања дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки за уште 0,25 процентни поени во јуни.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,12%, на 104,04 поени. Истовремено, доларот во однос на европската валута зајакна за 0,2%, па цената на еврото се лизна на 1,0705 долари. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали за 0,47%, на 129,94 јени.

Само во четвртокот, индексот на доларот падна за 0,62%, што е негов најголем дневен пад за околу еден месец, бидејќи некои претставници на ФЕД сигнализираа дека централната банка ќе се воздржи од затегнување на монетарната политика овој месец.

Имено, гувернерот на филијалата на ФЕД во Филаделфија, Патрик Харкер, во четвртокот изјави дека е време да се „притисне стоп“ барем на една седница за да се види до каде оди сѐ, мислејќи на следната седница на ФЕД од 13 до 14 јуни.

Еден ден претходно, гувернерот на ФЕД, Филип Џеферсон, рече дека паузата во циклусот на зголемување на каматите ќе му овозможи на Комитетот да види повеќе податоци пред да донесе одлуки за степенот на дополнително заострување на политиката.

Најновите податоци од американскиот пазар на труд, кои укажуваат на можно меко приземјување на најголемата светска економија, исто така ја поддржуваат паузата. Имено, во мај во САД се отворени 339.000 нови работни места, значително повеќе од очекуваните 190.000 и повеќе од априлските 253.000.

И покрај тоа, стапката на невработеност се зголеми од априлските 3,4% на 3,7%, што укажува дека сѐ повеќе Американци сакаат да најдат работа, а тоа е знак за олеснување на условите на пазарот на трудот, посочуваат од Министерството. Имено, повеќе работна сила го намалува притисокот врз компаниите да ги зголемат платите и помага да се забави инфлацијата.

Очекувањата на учесниците на пазарот дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки на 14 јуни што сега се над 70%, за разлика од една недела порано кога тие шанси беа проценети на 29%. Индексот на доларот го заврши мај со раст од 2,7%, постигнувајќи ги најдобрите месечни остварувања од септември минатата година, кога порасна за 3,1%.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Бизнис

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Read more

Русија забрани извоз на гориво, цената на нафтата скокна

Read more

Претседателот на УО на Шпаркасе банка – дел од Самитот за сина економија

Read more

Волстрит благо падна пред одлуката на ФЕД за каматните стапки

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе