Пакомак започнува акција за собирање стаклен отпад од пред домовите

Граѓаните ширум државава кои имаат стаклен отпад и сакаат да се ослободат од истиот ќе можат тоа да го направат на еколошки начин.

Пакомак започна акција со која од пред куќите и зградите на граѓаните ќе собира шишиња, тегли и друг вид на стакло кој потоа наместо во депонија ќе заврши за рециклирање.

„Амбалажниот отпад може да го пријавите на телефонскиот број 072 26 66 26 од понеделник до петок во период од 8:30 до 16:30 часот. Со јавување на телефонскиот број треба да ги оставите следните податоци: контакт број, лице за контакт, адреса на живеење, град, приближна количина на амбалажа за подигнување и начин на кој е спакувана амбалажата (кеси, гајби, вреќи...). Ние ќе Ве контактираме во рок од 10 дена за да ја преземеме амбалажата, а вие треба стаклената амбалажа (тегли, шишиња) да ја оставите пред вашата капија или влез доколку живеете во зграда (во домови, станови, дворови нема нашата екипа да влегува)“, известува Пакомак.

Акцијата важи за целата територија на Македонија, а граѓаните кои ќе решат на овој еколошки начин да се ослободат од својот стаклен отпад како благодарност од Пакомат ќе добијат пакетче ароматични семиња за расад за секои две гајби тегли и шишиња или 6 килограми стакло.

Ваквиот начин на исфрлање отпад е корисен бодејќи наместо да заврши во депониите, собраното стакло се изнесува надвор од државава и се носи во странски фабрики за рециклирање каде се топи и се преработува.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе