Пан го урна светскиот рекорд па удри по колегите од Австралија и САД

Кинескиот пливач Пан Чанл' на Олимписките игри во Париз го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно.

19-годишниот Пан во финалето ја растури конкуренцијата, исплива неверојатна трка која ја заврши со време од 46,40 секунди, дури 40 стотинки побрзо од сопствениот рекорд поставен пред 5 месеци на Светското првенство во Доха, Катар.

По трката, Пан удри по колегите од Австралија и САД. Рече дека не покажале почит кон него и неговиот тренер.

„Ова е одмазда за срамот кој го доживеавме. На првиот ден од штафетата 4х100 метри јас му честитав на Чалмерс, но тој ме игнорираше, исто така и Американецот Алекси. Кога трениравме, нашиот тренер стоеше, а тие пливаа и го прскаа со вода, со презир гледаа кон нас“, рече новиот олимписки шампион.

Резултатите на останатите ја покажуваат доминацијата на Пан во трката, второпласираниот Кајл Чалмерс (26) од Австралија задоцни за повеќе од 1 секунда (47,48). Бронзата ја освои Романецот Давид Попович (20), кој ден претходно стана олимписки шампион на двојно подолгата патека.

Пан Чанл' стана првиот Кинез што освоил олимписко злато во оваа пливачка дисциплина.

реклама

Останати спортови

Фјури ја потврди новата борба со Усик

Read more

Поништени сите резултати и рекорди на трансродоватa пливачка којa доминираше во САД

Read more

Моментот кога Македонците поставија нов државен рекорд во Марибор

Read more

Флорида Пантерс ја одбрани титулата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Читај повеќе

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Читај повеќе

Сабаленка погласна од моторна пила, официјално најгласна тенисерка во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Читај повеќе

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Читај повеќе

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Читај повеќе

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Читај повеќе

L'Équipe: Меси во нов клуб до крајот на годинава

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ заработува милиони, но ништо не го радува како коњите

Читај повеќе