Пандев: Блиску бев до трансфер во Олимпијакос и ПАОК

Македонскиот капитен во интервју за грчки медиум откри интересни и досега непознати факти од неговата кариера.

Малку фалело кариерата на Горан Пандев да отиде во сосема поинаков правец. Уште кога бил во Беласица, грчкиот гигант Олимпијакос бил силно заинтересиран за него. На крај, како што знаеме, заврши во Интер во пакет со Ацо Стојков.

„Не знаев дека моето име е многу спомнувано во грчките медиуми. Ќе ви откривам дека кога бев млад, пред да заминам во Интер, бев многу блиску до трансфер во Олимпијакос. Но, претседателот на мојот тогашен клуб го прекина трансферот“, открива Пандев за грчкиот спортски портал Gazzetta.gr. Тогаш газда на струмичка Беласица беше легендарниот Бате Ване кој, од денешна гледна точка, воопшто не погрешил со одлуката да го стопира трансферот на Пандев кај јужниот сосед.

Потоа додава и дека грчкото првенство повторно станало актуелно за него кога пред неколку години имал понуда од солунски ПАОК.

„Пред неколку години се најдов себеси во преговори со ПАОК кој навистина многу ме посакуваше. Но, по толку години минати во Италија, моето семејство се чувствуваше добро тука и затоа решивме да останеме“.

Меѓу другото во тоа опширно интервју, неизбежно е и прашањето за политичките односи помеѓу двете држави. Но, Пандев политика не го интересира.

„Не знам ништо за политика, не разбирам ништо за политика и нема да зборувам за тоа. Јас сум човек кој сака фудбал. Ми се допаѓаат добри фудбалери, без разлика дали се од Италија, Грција или од Македонија. Никогаш не сум сакал политика. Она што го знам е дека станува збор за два народа кои се слични. Им посакувам на Грците, како и на моите сонародници, да ставиме крај на оваа пандемија и повторно да се најдеме заедно“, вели Пандев на темата грчко-македонските односи.

За жал македонскста репрезентација досега ниту еднаш се нема сретнато со грчката, па Пандев освен натпревари против грчки тимови во еврокуповите, нема играно против нивната репрезентација.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе