Горан Пандев остави голема трага во Серија А, со Интер ја освои тројната круна. Во Милано се пресели од Лацио како слободен играч.

Пандев за Radio Laziale ја коментираше одлуката на Елиф Елмас да ја напушти Бундеслигата и да се врати во Серија А. Елмас неодамна потпиша за Торино.
Елмас пред една година од Наполи се пресели во Лајпциг за 24 милиони евра. Таму не доби вистинска шанса. Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.
Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.
„Елмас во Торино? Донесе добра одлука што се врати во Италија, Серија А е многу подобра лига за него отколку Бундеслигата“, рече Пандев и потоа одговори на прашањето зошто во овој момент не гледа млади македонски таленти кои можат брзо да завршат во Серија А.
„Сметам дека не се доволно подготвени за Серија А. Проблем прави и тоа што Македонија не е членка на Европската Унија. Со самото тоа, потпишувањето со такви играчи претставува дополнителен проблем“.