КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Пандев и Несторовски минаа во наредното коло од Копа Италија

Двајцата македонски интернационалци настапија на денешните натпревари во кои нивните екипи забележаа победи.

Прв играше тимот на Пандев, Џеноа, кој со 2:1 дома го совлада и елиминира Катанцаро, екипа која се натпреварува во Серија Чи. Пандев доби одмор од тренерот Роналдо Маран и натпреварот го следеше од клупата сѐ до 84. минута кога влезе за со неговото искуство да му помогне на тимот да ја задржи топката бидејќи гостите штотуку поостигнаа гол за 2:1.

Нешто покасно Илија Несторовски се најде во почетниот состав на Удинезе кој на домашен терен играше со второлигашот Виченца. Македонскиот напаѓач учествуваше при голот за 1:0 во 21. минута кога неговиот удар го одбрани гостинскиот голман, но на одбиената топка налета Фернандо Форестиери и ја затресе мрежата. Несторовски на почетокот од вториот дел имаше шанса по еден удар со глава, но не успеа да погоди. Ги одигра 90-те минути во кои Удинезе славеше со 3:1.

Денеска во Копа Италија настапи и трет македонски фудбалер. Леонард Жута, кому ова му е прва сезона во Лече, влезе во игра во 71. минута на гостувањето кај Торино кога резултатот беше 1:1. Натпреварот замина во продолженија каде Торино со дав гола во вториот дел победи со 3:1.

Во шестнаестинафиналето Џеноа и Пандев ги чека дерби против Сампдорија, а победникот ќе оди на Јувентус. Несторовски и Удинезе ќе играат против Фиорентина во битка за пласман во осминафиналето каде ги чека Интер.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе