Пандев: Планот ми е да одморам, немам некоја желба да бидам тренер

Досегашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изрази жалење што не се освои барем еден бод на ЕВРО 2020, но е уверен дека неговите досегашни соиграчи од националниот тим и во иднина ќе ги радуваат навивачите.

„Сигурно, жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, но и многу далеку. Знаеме дека овие се натпревари тешки за играње, многу искуство, ние сме прв пат на Европско првенство, многу емоции, луѓето едноставно сите во Македонија живееја со нас, сакавме да ги израдуваме. Жал ми е, но се надевам дека оваа генерација ќе има уште многу можности да ги израдува македонските навивачи“, рече Пандев по пристигнувањето на аеродромот во Скопје.

На прашањето околу селекторското место, 37-годишниот Пандев одговори:

„Па не знам, тоа треба да одлучат луѓето дали Ангеловски ќе продолжи или нема да продолжи да биде селектор. Видовме и вчера по некои портали, уште не беше натпреварот завршен па излегоа со информации дека има нов селектор, па нека е со среќа на новиот селектор и на целата генерација. Се надеваме дека ќе нè однесат на Светско првенство. Јас не одлучувам за тоа. За тоа си има структури и одговорни. Јас мислам по мене дека требаше селекторот да го заврши овој циклус до Светско првенство, но знаеме кај нас како функционираат работите и сега прво да се одмориме, да бидеме малку со фамилиите па после ќе видиме“.

За неговата иднина поврзана со фудбалот не сакаше да се произнесе, туку остава малку време до донесување на конечната одлука.

„Планот ми е сега да се одморам малку со фамилијата, па после ќе размислувам како понатаму. За моите идни планови не знам, немам некоја желба да бидам тренер. Ќе видиме, можеби некој спортски директор или ќе почнам да работам со моите менаџери во Италија.“

Пандев репрезентативната кариера ја заврши вчера на 122. натпревар и со 38 постигнати голови.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе