СЕРИЈА А 2024/2025

Пандев: Убаво е да се гледа како два мои поранешни тима се борат за Скудетото

Горан Пандев беше интервјуиран од неаполитанскиот весник Il Mattino од проста причина што играше за двата клуба што во моментов бијат голема битка за тоа кој ќе биде шампион на Италија и кои в недела ќе се судрат во директен дуел.

„Кога се присетувам на годините минати во Наполи сѐ уште ми навираат емоции. Да имаше ВАР ќе го освоевме Суперкупот во 2012. Сѐ уште чувствувам горчина поради елиминацијата од Лигата на шампионите во 2013 година“, вели Пандев.

Сезонава борбата за Скудетото се води помеѓу двата негови поранешни клубови, Интер и Наполи. Токму Наполи зимава остана без Хвича Кварацхелиа, еден од носителите на играта на тимот, кој замина во ПСЖ заслепен од големата финансиска понуда.

„Многу е убаво да се гледа како две од моите поранешни екипи се борат за титулата. Сигурен сум дека ќе биде борба сѐ до крајот. се надевам дека ќе освои една од моите екипи. Но, во трката може да се вклучи и Аталанта. Откако испадна од Лигата на шампионите и откако видов како одигра со Емполи, едноставно мора да се стави во игра за титулата. Во Наполи дојде тренер победник како Конте, кој има цврст карактер и жал ми е што толку немаше среќа. Се продаде клчучен играч како Квара, кој можеше да прави разлика при формација 4-3-3. Да бидеме искрени: Квара можеше да ги добива натпреварите сам. Мислев дека тарнсфер-пазарот ќе му помогне на тимот, но управата работи секогаш вака, ја прати истата шема веќе со години. Лукаку треба да научи како повторно да биде лидер на една екипа. Распадори го гледам како Пандев на Конте“, рече Горан давајќи интересна изјава дека Џакомо Распадори го гледа за Конте како она што тој му беше на Жозе Мурињо.

Го анализираше и Интер, кој е актуелен шампион под водтсво на Симоне Инѕаги, а е во игра и во Лигата на шампионите и во Копа Италија.

„Интер е Интер. Кога играш со тој дрес знаеш дека секогаш мора да победуваш. Имаат посилен тим со квалитетни замени на сите позиции. Вистина е дека имаа мал пад, но и натаму се победнички тим. Навикнати се да победуваат и знаат што сакаат“.

За Пандев во игра за титулата е и Аталанта.

„Аталанта малку го промени начинот на игра во Италија. Ми се допаѓа што гледам дека победува екипа која не тргна меѓу фаворитите. Гасперини може да успее бидејќи создаде победнички тим и доста се засили. Сега имаат една цел и можат да профитирата од директниот дуел на 'Марадона'. Добро го познавам Гасп и знам како игра. Постиогнуваат многу голови и се забавуваат“.

На Пандев многу му се допаднал животот во Неапол, што не трошел зборови да му го пофали градот, клубот и навивачите кога Елиф Елмас беше пред потпис во 2019 година.

„Толку го сакав Неапол што на Елмас му реков 'Оди таму, освои и никогаш нема да те заборават'“.

Елмас токму тоа и го направи, отиде во Наполи и го освои Скудетото, но прво Копа Италија.

Пандев додаде и дека сега работи во ФФМ како генерален директор. „Откривањето на таленти ме прави среќен“.

Наполи и Интер игртаат в сабота од 18 часот во дербито за врвот

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Il Mattino (@ilmattino.it)

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Фудбал

Франческо Тоти се враќа во Рома

Read more

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Read more

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Read more

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Read more
 

Спорт

Леброн: Не знам дали ќе играм следната сезона

Читај повеќе

Франческо Тоти се враќа во Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено зошто Јута Лердам го откопчува тркачкото одело откако ќе ја мине целта

Читај повеќе
  • play_arrow

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Читај повеќе

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе