СЕРИЈА А 2020/21

Пандев вечерва брка табу: Гол во градското дерби

Филип Здравески
/ 01.11.2020 / 12:51

Дал гол во римското и миланското дерби, но никако не му оди против Сампродија. Вечерва ќе има нова шанса, можеби претпоследна во кариерата.

Пандев против Сампдорија

Горан Пандев и неговата Џеноа вечерва го играат градското дерби против Сампдорија, едно од четирите големи градски дербија во Италија.

Можеби ја нема звучноста на дербијата Интер - Милан и Рома - Лацио, но таканареченото Дерби дела Лантерна го има најдобриот шмек од сите, благодарение на навивачите и атмосферата која ја прават на стадионот „Луиџи Ферарис“ кој за жал вечерва ќе биде речиси празен, од добро познатите причини.

Пандев против Милан

Пандев ја игра шестата сезона во дресот на Џеноа, постигна 22 гола досега, но ниту еден во градското дерби. Од 10 дербија, Горан досега играше само на 5: дури 4 пати преседа на клупата за резерви, а еднаш поради суспензија за црвен картон не ни беше во тимот.

Пандев против Рома

Вечерва од 20:45 часот Сампдорија и Џеноа го играат 75-тото дерби во рамките на Серија, а 102. во сите натпреварувања. Води Сампдорија со 29 наспроти 19 победи во Серија А или 40 наспроти 25 вкупно. Првото дерби се одиграло на 3 март 1947 година Кога Сампдорија победила со 3:2 како гостин.

Статистика на Пандев во градските дербија:

Дерби дела Капитале
натпревари: 8
победи: 3
нерешени: 2
порази: 3
голови: 2
асистенции: 2

Remote video URL
Remote video URL

Дерби дела Мадонина
натпревари: 3
победи: 1
нерешени: 0
порази: 2
голови: 1
асистенции: 1

Remote video URL

Дерби дела Лантерна:
натпревари: 5
победи: 1
нерешени: 1
порази: 3
голови: 0
асистенции: 1

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе