Маж од Австралија тврди дека го преживеа пожарот кој изби во неговиот дом бидејќи го разбудил неговиот папагал.
Антон Нујен спиел во неговата двокатна куќа во Бризбејн, кога ја зафатил пожар. Тој тврди дека го разбудил неговиот папагал Ерик кој го почувствувал чадот во куќата.
Го земал папагалот, отворил врата и погледнал кон задниот дел од куќата, каде видел дека има оган и истрчал надвор.
Додека стигнале пожарникарите, пожарот ја зафатил целата куќа.
Пожарот е изгаснат за еден час, а во акцијата учествувале четири противпожарни екипи.
Антон Нујен не е повреден, а сè уште не е позната причината за пожарот.