Папата пристигна во историска посета на Ирак

Папата Франциск денеска пристигна во Ирак, тоа е прва посета на поглаварот на Римокатоличката црква во земјата, но и прва посета во странство од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Од епидемиолошки и безбедносни причини, ова е најризична посета што 84-годишниот папа, како што истакна, ја смета за своја обврска, пренесе BBC.

Папата ќе се обиде да ја смири поделената христијанска заедница и да го зајакне меѓурелигискиот дијалог, во чии рамки ќе се сретне со водачот на шиитските муслимани во Ирак.

Папата ќе одржи миса и на стадионот во Ирбил.

Ирак ќе распореди околу 10.000 припадници на безбедносните сили со цел да го заштити Папата, а веќе во сила е и полициски час поради ширењето на коронавирусот.

Бројот на христијани во Ирак во последните две децении се намали од 1,4 милиони на околу 250.000, што е помалку од еден процент од населението.

Многу христијани ја напуштија земјата поради насилството по американската инвазија во Ирак во 2003 година, кога беше соборен Садам Хусеин.

Исто така, десетици илјади христијани беа раселени кога џихадистите од Исламска држава го освоија северниот дел на Ирак во 2014 година и уништија цркви.

Во центарот на Багдад се поставени билборди со ликот на Папата за добредојде на поглаварот на Римокатоличката црква, со натпис „Сите сме браќа“.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин изјави дека Ирачаните со нетрпение ја очекуваат „пораката за мир и толеранција“ на папата.

Во пресрет на посетата на Ирак, папата Франциск рече дека оди во мировен аџилак по повеќе години војна и тероризам.

„Доаѓам на аџилак, да се молам за прошка и помирување по долгогодишната војна и тероризам, доаѓам меѓу вас во мир. Сакам да ве запознаам, да ги видам вашите лица, да ја посетам вашата земја, античката колевка на културата“, рече Папата во видеопорака.

Папата исто така изрази желба „да се моли заедно со браќата и сестрите од другите верски традиции“, истакнувајќи дека ирачкиот народ го смета како „единствено семејство на муслимани, Евреи и христијани“.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе