Папу Гомес МВП за септември во Серија А
Голгетерот на Аталанта е добитник на првата месечна награда за најдобар играч во Серија А.
Аргентинецот ја почна својата седма сезона во Аталанта. Во досегашниот дел од сезоната ги одигра сите 5 натпревари постигнувајќи 4 голови и 2 асистенции, а по еден гол и една асистенција запиша и во Лигата на шампионите.