Папуа Нова Гвинеја го блокираше пристапот до Facebook поради лажни вести и порнографија

Папуа Нова Гвинеја официјално го блокираше пристапот до социјалната мрежа Facebook, а властите го нарекоа потегот „тест за ограничување на говорот на омраза, дезинформациите и порнографијата“, пишува BBC.

Ненадејната забрана, која започна оваа недела, наиде на критики од опозицијата, која тврди дека се прекршени човековите права. Полицискиот министер Питер Цималили Џуниор го бранеше потегот на владата, нагласувајќи дека тоа не е обид да се потисне слободата на говорот, туку „да се заштитат граѓаните од штетна содржина“.

Facebook е најпопуларната социјална мрежа во оваа земја, која ја користат околу 1,3 милиони луѓе, вклучувајќи ги и малите бизниси кои се потпираат на оваа платформа за продажни цели.

Социјалните медиуми се клучни за олеснување на јавниот дискурс во време на намалување на слободата на медиумите во оваа земја. Невил Чои, претседател на советот за медиуми, рече дека овој потег „се граничи со политичка автократија и кршење на човековите права“.

Уште позагрижувачки е фактот што најмалку две владини агенции, кои ги надгледуваат комуникациите и технологијата, рекоа дека не биле запознаени со плановите на владата и покрај тоа што полицијата тврди дека „тестот“ бил спроведен во соработка со тие агенции, тврди Чои.

„Влегуваме на опасна територија и сите се немоќни да ја запрат оваа тиранија“, изјави опозицискиот пратеник Алан Брид.

Забраната доаѓа неколку месеци по усвојувањето на новиот антитерористички закон, кој ѝ дава на владата овластување, меѓу другото, да ги следи и ограничува онлајн-комуникациите.

„Тоа е драконски закон дизајниран да ни ги одземе слободите“, беше јасен Бирд, додавајќи дека блокирањето на Facebook е само „првиот чекор“.

И покрај забраната, многу корисници сè уште можат да пристапат на Facebook користејќи VPN.

Забраната на Facebook ги загрижи и илјадниците трговци кои заработуваат за живот на Facebook.

Властите на Папуа Нова Гвинеја долго време се закануваа дека ќе преземат мерки против Facebook. Во 2018 година, Facebook беше забранет на еден месец бидејќи властите се обидоа да ги искоренат лажните профили. Во тоа време како алтернатива се разговараше за идејата за државна мрежа.

Во 2023 година Папуа Нова Гвинеја започна истрага за „лажни вести, лоши вести и социјални медиуми“ во земјата.

реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Интернет

Instagram има адут во трката со TikTok

Read more

Meta воведува тинејџерски профили за Facebook и Messenger

Read more

Каде завршуваат фотографиите што AI ги претвора во Ghibli илустрации?

Read more

Колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram?

Read more
 

Гик

Серијата книги Wheel of Time повторно ќе се претвори во игрица

Читај повеќе

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Читај повеќе

Instagram има адут во трката со TikTok

Читај повеќе

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе