
Парис Хилтон за време на своето гостување во Шоуто на Зак Санг изјави дека никогаш не била подложена на никакви козметички зафати.
„Навистина сум горда што сум целосно природна. Се држев настрана од сонце. Никогаш не сум ставала ботокс, ниту имам правено операција", рекла таа.
Таа додаде дека успеала да го задржи младешкиот сјај благодарение на советите на нејзината мајка Кети Хилтон.
„Кога имав осум години, мајка ми ми рече: ‘Парис, чувај се од сонцето’“, рече таа.
Хилтон откри дека во својот дом има спа центар наречен Sliving Spa. Се одликува со LED светлосна терапија, различни третмани за лице, криотерапија (терапија со мраз) и хипербарична комора.
Споменатата комора се користи за терапија со кислород, која го снабдува лицето во неа со 100 проценти кислород, кој може да го залечи оштетеното ткиво. Парис претходно во интервју за магазинот People ја нарече својата бања „фонтана на младоста“.