Парк во Бруклин со креативно решение за уживање во социјално дистанцирање
Паркот Домино во Бруклин, Њујорк, е повторно отворен за јавноста. Но, паркот е малку модифициран за да биде приспободен на животот за време на пандемијата со коронавирусот.
Со бели кругови се обележани делови од тревата во кои посетителите мораат да седат со цел да се почитува социјалното дистанцирање за спречување на ширењето на вирусот. На тој начин, њујорчани можам да уживаат на пријатното време среде паркот истовремено почитувајќи ги мерките.