Пастрмките стануваат зависни од дрогата што завршува во реките

Една нова студија открива дека кафеавата пастрмка може да стане зависна од мали количини метамфетамин што завршува во нивната слатководна животна средина.

До овој заклучок дошол тим чешки научници во навидум невообичаена студија. Откриено е дека остатоците од дроги, како метамфетаминот или crystal meth, ги загадуваат реките ширум светот, како што е случајот со „легалните“ хемикалии, од детергенти до остатоци од лекови на рецепт.

Метамфетаминот е хемикалија која предизвикува брза и силна зависност и во овој случај продира во мозокот на рибите и функционира на ист начин како кај луѓето. Познато е дека внесувањето на оваа дрога предизвикува непосредна и интензивна еуфорија која не трае долго, што резултира со тоа корисниците за кратко да побараат уште. По продолжена употреба, оваа дрога предизвикува вознемиреност, конфузија, несоница, промени во расположението и насилно однесување.

„Зависноста од дрога кај дивите риби може да биде уште еден пример за неочекуван притисок врз видовите што живеат во близина на урбаните области“, напиша коавторот на студијата Павел Хорко од Чешкиот универзитет за природни науки во Прага.

Тие изолирале голем број пастрмки во резервоар со вода „збогатена“ со исто ниво на метамфетамин што се наоѓа во некои реки. По осум недели, рибата беше префрлена во нов резервоар со можност да оди во оддел што содржи чиста вода или во оддел „збогатен“ со дрога. Научниот тим утврдил дека пастрмките станале зависни по два месеци, дека барале дрога по отстранувањето од такво опкружување, односно избирале вода збогатена со метамфетамин и почнувале да се однесуваат поинаку поради апстиненциска криза.

Откако биле префрлени во чиста вода, во мозокот на рибите имало присуство на метамфетамин уште 10 дена.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Чек дис аут

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе