Патки во фамилијарна прошетка по Вардар
Деновиве во водите на реката Вардар кај населбата Јане Сандански во Аеродром може да се забележат фамилија на мајка патка и неколку мали патчиња како уживаат по брзата вода.
Најпрво патчињата беа 5 на број, но потоа беа забележани само 3. Се надеваме дека останатите две во моментот биле само скриени во близина и не им се случило ништо.
Во секој случај, убава глетка во матните води на Вардар.