Патрушев: Украина може да престане да постои како држава во 2025 година

Макфакс
/ 14.01.2025 / 15:23

Помошникот на претседателот на Русија, Николај Патрушев, денеска изјави дека не ја исклучува можноста Украина да престане да постои како држава веќе во оваа 2025 година.

„Особено е загрижувачки што насилната примена на неонацистичката идеологија и жестоката русофобија ги уништува некогаш просперитетните градови во Украина, вклучувајќи ги Харков, Одеса, Миколаев, Днепропетровск. Можно е во следната година Украина целосно да престане да постои“, вели Патрушев во интервју за Комсомольская правда.

Коментирајќи ја геополитичката ситуација и очекувањата за промени во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Патрушев рече дека времето ќе покаже дали Трамп ќе успее целосно да ги спроведе своите намери.

„Како што покажа неговиот прв мандат, озлогласената длабока држава во САД е многу силна. Можеби нема да му дозволат да се сврти. А, искуството од изборната кампања и обидот за атентат врз неговиот живот бара подготвеност за најнезамисливи сценарија“, рече Патрушев и додаде дека позициите на Трамп не ги делат сите американски елити.

Како што наведе тој, овие позиции значително се разликуваат од плановите на Демократската партија, индивидуалните сопственици на индустриски гиганти и транснационални корпорации, поради што, оцени тој, „исклучително е важно да се обезбеди безбедноста на Трамп и неговата околина пред да ја преземе функцијата како шеф на државата, како и за време на претседателството“.

Патрушев истакна дека за администрацијата на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, Украина била апсолутен приоритет, но дека таа не е меѓу приоритетите на Трамп, бидејќи „тој е повеќе загрижен за Кина“. „Трамп ги истакна своите интереси за Гренланд, Панамскиот Канал, Мексико и Канада. Прецртувањето на картата на светот според сопствените интереси и мешањето во работите на земјите на различни континенти е американска традиција. Нема сомнеж дека во сите овие области новата администрација многу агресивно ќе ги турка сопствените интереси“, изјави помошникот на рускиот претседател. Што се однесува до односите на САД со Кина, Патрушев рече дека верува оти несогласувањата на Вашингтон со Пекинг ќе се влошат, „и Американците ќе ги надујат, дури и вештачки“.

„За нас Кина беше и останува најважниот партнер, со кој нè поврзува особено привилегирана стратешка соработка. Овие односи не се предмет на конјуктура, тие опстојуваат без разлика кој ја зазема Овалната соба“, нагласи тој.

Според него, главен приоритет на Русија е заштитата и благосостојбата на руските граѓани и сонародници ширум светот. Тој истакна дека дискриминацијата на руското население мора да се запре во голем број земји, вклучувајќи ги и балтичките земји и Молдавија.

„Властите на овие земји продолжуваат да се водат во длабока криза преку непромислени постапки и во исто време тврдоглаво ја вртат русофобната клевета. Посебно е индикативна енергетската криза, за која 100% се виновни молдавските власти, кои совесно ги извршуваат наредбите на Брисел за намалување на гасната зависност од Русија“, нагласи Патрушев и порача дека Кишињев не треба да се залажува ниту себе, ниту својот народ дека молдавските власти „не треба да бараат непријатели во земјата или во Приднестровие, туку да ги признаат своите грешки и да почнат да ја поправаат ситуацијата“.

„Не ја исклучувам можноста дека агресивната антируска политика на Кишињев ќе доведе до тоа Молдавија или да стане дел од друга држава или целосно да престане да постои. Во оваа ситуација, можете да го погледнете примерот на Украина, каде неонацизмот и русофобијата ја доведоа земјата во колапс, многу пред Специјалната воена операција“, предупреди помошникот на Владимир Путин.

Патрушев истакна дека украинскиот народ останува близок, братски, врзан со вековните врски со Русија, „без разлика што киевските пропагандисти, опседнати со 'Украина' го тврдат спротивното. Не сме рамнодушни кон она што се случува во Украина“, истакна тој. Тој исто така изјави дека преговорите за Украина треба да се водат меѓу Русија и САД без учество на други западни земји.

„Нема што да се разговара со Лондон или Брисел. Раководството на ЕУ, на пример, одамна престана да има право да зборува во име на многу нејзини членки, како што се Унгарија, Словачка, Австрија, Романија и некои други европски земји кои се заинтересирани за стабилност во Европа и балансиран став кон Русија“, заклучи Патрушев, пренесува Танјуг.

реклама

Доматите ќе имаат подобар вкус ако додадете една едноставна состојка

Read more

Пак врие на плажите во Грција: Лежалките поскапуваат од ден во ден

Read more

Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Read more

Зошто е важно редовно да го рестартирате телефонот?

Read more

Свет

Израел ги укина сите ограничувања за граѓаните

Read more

Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Read more

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир за неговата улога во конфликтот меѓу Израел и Иран

Read more

Иран: Нема да го прекршиме прекинот на огнот освен ако Израел не го стори тоа

Read more
 

Вести

Израел ги укина сите ограничувања за граѓаните

Читај повеќе

Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Читај повеќе

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителството со фалсификатите на Висар Ганиу

Читај повеќе

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир за неговата улога во конфликтот меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Иран: Нема да го прекршиме прекинот на огнот освен ако Израел не го стори тоа

Читај повеќе

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Читај повеќе

Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии

Читај повеќе

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Читај повеќе

Зошто е толку важен Ормускиот Проток? Ако Иран го затвори, цената на нафтата ќе скокне

Читај повеќе