Патување во пандемија: Кои земји бараат негативен тест и карантин, а кои не?

Земјите во регионот и ширум Европа работат на отворање на границите и имаат различни ставови во врска со влезот на странски граѓани преку нивните граници.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера рече дека нашата земја сега прави координација на ниво на околните земји и дека сме во секојдневна комуникација со Албанија, Грција и Бугарија во однос на тоа како ќе се одвива отворањето на границите. Еден од предлозите е од следната недела да се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен, економски интерес, во рамките на овие земји, а понатаму во периодот кој следи, по 15 јуни, границите и целосно да се отворат, рече министерот.

Одлуките главно се засноваат на тоа колкав е процентот на заболени во земјата од каде доаѓаат патниците, а задолжителните карантини остануваат на сила во некои земји.

Од 22 мај Србија ги отвори границите и при влез во нашиот северен сосед веќе не е поребно да се приложи негативен тест на COVID-19, ниту посебна дозвола. Исто така веќе не задолжителна самоизолацијата за странските и домашните патници, но тие ќе добиваат здравствени предупредувања дека влегуваат во земја во која уште циркулира вирусот.

Грција ќе ги отвори границите на 15 јуни, но само за граѓаните на Германија, Израел, Кипар, балканските и балтичките земји. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест за COVID-19 или задолжителен карантин, откако ќе се обноват меѓународните летови на 1 јули. Задолжително е пополнување на посебен прашалник ако патувате со траект подолго од половина час.

Хрватска веќе ја отвори границата кон Словенија, а од денеска и кон Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка. Не е задолжителен тест за влез во земјата, ниту самоизолација за патниците од странство, но ќе биде потребно туристите да приложат потврда од резервација за какво било сместување.

Владата на Црна Гора објави проширена листа на земји за кои ги отвора границите од 1 јуни, меѓу кои се Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Словенија, но не и Србија. Влезот во земјата ќе биде дозволен без задолжителен негативен тест и самоизолација за граѓани на земји каде стапката на активни случаи со коронавирусот е помала од 25 на 100.000 случаи. На листата што ќе се ажурира еднаш неделно, се и Исланд, Хрватска, Словачка, Швајцарија, Албанија, Австрија, Норвешка, Монако, Германија, Грција, Унгарија, Данска, Бугарија, Ирска, Чешка, Финска, Литванија и Естонија.

Во Босна и Херцеговина границите се отвораат на 1 јуни, без задолжителен негативен тест на коронавирус и самоизолација за странските патници.

Турција најверојатно ќе ги отвори границите на 15 јуни, но не е потврдено дали ќе биде потребно задолжителен негативен тест и самоизолација и носење маски.

Кипар ги отвора границите на 9 јуни, но не за сите земји. На аеродромите ќе треба да се прложи негативен тест на коронавирус не постар од 72 часа.

Бугарија ги отвора границите на 1 јуни, без задолжителен негативен тест на коронавирус.

Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Република Северна Македонија и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС. Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со COVID-19 во последните две недели. Карантинот ќе биде задолжителен за граѓаните на Белгија, Италија, Малта, Шпанија, Португалија, Шведска, Ирска и Велика Британија.

Унгарија од 25 мај го укина задолжителниот карантин за странски државјани и влезот во земјата е дозволен на сите девет гранични премини.

За влез во Австрија е потребен негативен тест на коронавирус и задолжително е да се поминат 14 дена во самоизолација. Тестот може да се направи на аеродромот во Виена за 190 евра, а резултатите се добиваат за три часа. Влезот е дозволен само за странци кои имаат виза за престој или живеалиште во Австрија, додека влезот со работна виза не е дозволен, иако постои можност да се направат исклучоци за сезонски работници.

Одлуката за забрана за патување во Малта што беше донесена на 23 мај ќе важи до 15 јуни. За сите патници кои влегуваат во земјата задолжителен е негативен тест на коронавирус и 14 дена во самоизолација. Казната за кршење на мерките е 3.000 евра.

Влезот во Швајцарија е дозволен само за државјани на земјата и луѓе со постојано живеалиште таму.

Германија сега дозволува влез само за луѓе со виза за престој или доказ дека имаат живеалиште во земјата. На сила е мерката за самоизолација по влез во земјата во траење од 14 дена. Проверките на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска, како и за патниците кои авионски доаѓаат од Италија и Шпанија, остануваат на сила до 15 јуни.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе