Печено ризото во сос од домати со месо, на италијански начин

Ова јадење е вистински италијански оброк за душа – полн со вкус, сочен и заситен.

Ова е едно од оние јадења што го собира семејството на маса. Традиционалната италијанска верзија на печено ризото носи богати вкусови на сочен сос од домати, ароматично сирење и нежен ориз. Во Италија често се подготвува за неделен ручек или семејни собири, бидејќи може да се направи однапред и само да се испече пред послужување. 

Клучот за успехот на ова јадење лежи во квалитетните состојки - ароматичниот доматен сос со месо, оризот кој задржува мала кремост и совршената комбинација на сирења кои даваат дополнителна полнота на вкус. Без разлика дали ќе го направите за посебна пригода или како заситен семеен оброк, ова ризото сигурно ќе ги освои сите на трпезата. Но, запомнете, на македонски се вика „ризото“, а не „рижото“, како што е за српски. Доаѓа од италијанскиот збор за ориз, односно riso (ризо).

Сосот ја ова јадење можете да го подготвите и однапред. Дури и ден однапред – на тој начин вкусовите уште подобро ќе се развијат. Само малку загрејте го пред да го измешате со оризот.

Експериментирајте со сирењето. Користете моцарела, па дури и добра гауда. Пекорино романо можете да го замените со пармезан.

За побогат вкус додадете малку бешамел. Доколку сакате уште покремаста текстура, помеѓу слоевите можете да додадете неколку лажици бешамел сос.

Потребни состојки:

за сосот:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 среден кромид
  • 5 чешниња лук
  • 2-3 мали филети сардела (по желба)
  • ½ лажичка мелена лута пипер (по желба)
  • 900 гр мелено говедско месо
  • 85 гр доматна паста
  • 2 конзерви пелат 
  • сол
  • бибер

за оризот:

  • 500 гр ориз 
  • 2 шолји грашок 
  • 230 гр моцарела*
  • ¼ шолја свеж босилок
  • 70 гр пекорино романо

*Оригиналниот рецепт вели скаморца, кравјо сирење од Јужна Италија, кое нема да го најдете тука. Самите Италијанци ова сирење во рецепти го заменуваат со моцарела. 

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло во тава на средна топлина. Додадете ситно сечкан кромид и пржете додека не стане проѕирен. Додадете го лукот исечкан на коцки, филетите сардела и мелена пипер. Пржете уште една минута додека не замириса. Додадете го меленото говедско месо, скршете ги сите грутки со дрвена лажица. Пржете додека месото не порумени и не испари вишокот течност. Промешајте ја доматната паста и пржете минута или две за да се развијат вкусовите.

Додадете го пелатот, како и сол и бибер по вкус. Оставете го сосот да врие на тивок оган околу 30-40 минути, повремено мешајќи.

Во поголемо тенџере сварете го оризот во посолена вода, но сварете го 3-4 минути помалку отколку што пишува на пакувањето (треба да остане ал денте бидејќи потоа ќе се пече во рерна). Процедете го оризот и веднаш префрлете го во тавче.

Во тавчето измешајте го сварениот ориз, готовиот сос од месо и домати, грашокот, рендана моцарела и сечкан босилок. Добро измешајте за да се соединат сите состојки. Посипете со рендано пекорино романо. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути, додека јадењето не добие златно кафеава кора. По желба, можете да го вклучите горниот грејач во последните 5 минути за сирењето да стане дополнително кафеаво и крцкаво. Се вади од рерна и се остава да отстои 5-10 минути пред да се послужи.

Ова јадење е вистински италијански оброк за душа – полн со вкус, сочен и заситен. Послужете го со свежа салата и чаша вино за целосен оброк.

Remote video URL
реклама

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Рецепти

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Read more

Оброк салата со крцкави њоки од фритеза на топол воздух

Read more

Кокосов колач без печење: Лесен, кремаст и идеален за летните денови

Read more

Пилаф со песто, пилешко и зеленчук: Едноставен ручек со дури 50 гр протеини по порција

Read more

Магазин

Валкани плажи, лоши домаќини: 4 земји во кои туристите не би се вратиле ни бесплатно

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Читај повеќе

Како XXI век полека ја губи способноста да мисли?

Читај повеќе

Кога треба да јадете риба за здраво срце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Римски брод стар 2.100 години пронајден на дното на морето кај Сицилија

Читај повеќе

Три клучни моменти кога паровите најчесто раскинуваат

Читај повеќе

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе