Пелистер е меѓу 12-те клубови кои побарале вајлд карта за Лигата на шампиони

Европската ракометна федерација (ЕХФ), го објави списокот на клубови кои се во конкуренција за настап во Лигата на шампионите во сезоната 2024/2025. Следната сезона ќе биде последна која ќе се игра во овој, за многумина здодевен формат, две групи со по 8 екипи.

ЕХФ објави дека сигурни учесници се шампионот Барселона, односно Алборг, Пари Сен-Жермен, Магдебург, Фихсе, Веспрем, Колстад, Висла и Спортинг.

Остануваат уште седум места. Специјална покана од ЕХФ официјално побарале 12 клубови, што значи дека пет ќе извисат. Меѓу клубовите кои поднеле барање за специјална покана е и македонскиот првак, Еурофарм Пелистер.

Извесно е дека полскиот, унгарскиот и францускиот вицешампион Кјелце, Пик Сегед и Нант, како и хрватскиот и романскиот шампион Загреб и Динамо од Букурешт, ќе бидат дел од евроелитата следната сезона.

За преостанатите две места кандидати се вицешампионите на Данска, Шпанија, Португалија и Норвешка: Фредерисиа, Бидасоа, Порто и Елверум, како и пампионите на Швајцарија, Македонија и Словачка: Кадетен, Еурофарм Пелистер и Татран.

ЕХФ наредната среда ќе одлучи на кои адреси ќе испрати специјални покани, а конечниот состав на Лигата на шампионите ќе биде соопштен во петок на 21 јуни на состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ во Осло.

Извлекувањето на групите е закажано за 27 јуни во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.

Тагови
реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Ракомет

Пролет се засили со Стојчевиќ, нов договор за Василевски

Read more

Пелистер е меѓу 12-те клубови кои побарале вајлд карта за Лигата на шампиони

Read more

Пролет остана без искусниот бек: Пецаковски ја заврши кариерата

Read more

Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Колку се удобни картонските кревети во Париз? Австралиските тенисерки први ги испробаа

Читај повеќе

Бордо исфрлен во третата лига

Читај повеќе

Снуп Дог ќе го носи факелот на отворањето на Олимписките игри

Читај повеќе

Играчите на киевски Динамо вечерва поради Русија нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Читај повеќе

УЕФА исфрли украински клуб од Европа

Читај повеќе

Енди Мареј најави крај на кариерата

Читај повеќе

Меси уште не е подготвен, го пропушта Ол-стар натпреварот

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменален финиш на Леброн за победа на САД против светските шампиони

Читај повеќе

Англичаните претставија топка со 4 панели за посилен удар: Последна сезона на Nike во Премиершип

Читај повеќе