1.МФЛ 2020/21

Пелистер му подаде рака на Силекс давајќи му два дена одмор пред ЛШ

Битолчани се согласија да ја поместат пресметката со Силекс два дена порано за кратовчани да имаат повеќе време да се одморат пред настапот во квалификациите од Лигата на шампиони.

Наместо в недела, дуелот помеѓу Силекс и Пелистер од 2. коло во новата сезона од македонската Прва лига ќе се игра в петок од 17 часот. Силекс побара, а Пелистер се согласи, по што и ФФМ го официјализираше новиот термин.

Ова барање на кратовскиот клуб се должи на тоа што УЕФА им го закажа за вторник натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите кој Силекс ќе го игра против азербејџански Карабаг и тоа на гостински терен. Натпреварот е со почеток од 18 часот по македонско време (20 по локално), а ќе се игра на „Тофик Бахрамов“ стадионот во главниот град Баку.

Силекс и Пелистер забележаа победи во воведното коло од 1.МФЛ. Битолчани ја изненадија Академија Пандев славејќи со минимални 1:0, додека Силекс со фуриозно второ полувреме ја прегази Беласица на гости со 0:6.

Останатите натпревари останувата според првичниот распоред: в сабота од 17 часот играат Работнички - Беласица, а останатите двојки се играат во истиот термин в недела.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе