КУП НА МАКЕДОНИЈА 2021/22

Пенал драма на сите куп натпревари, елиминирани Шкендија и Шкупи

Филип Здравески
/ 01.12.2021 / 15:18

Во игра остана актуелниот шампион Силекс, а главните фаворити Шкендија и Шкупи доживеаја елиминации откако на сите три натпревари победникот беше решен по изведувањето на пенали.

Од натпреварот под Шара; Фото: ФК Шкендија Тетово

Во Тетово, Шкендија ја пречека Струга и иако имаше повеќе од играта, не успеа да го најде патот до гостинската мрежа. Натпреварот заврши без голови, а во пенал рулетот поуспешни беа стружани со 3:4. За Шкендија промашија Сундрит Гури и Валмир Нафиу, а за гостите само Валентин Кочоски.

Во скопската населба Ѓорче Петров, „Лавовите“ успеаја да го исфрлат лидерот на Првата лига, Шкупи, исто така на пенали. И таму мрежите мируваа 90 минути, а во пенал-серијата играчите на Македонија ЃП беа сигурни, додека Марјан Радески и Фреди Алварес промашија за Шкупи за конечни 4:1.

И во Кратово беше неизвесно, но таму барем публиката виде и два гола. Две минути по паузата Брегалница поведе преку Милан Џокиќ, а десетина минути подоцна Антонио Каланоски донесе израмнување. Овде пенал-серијата отиде во шест серии каде голманот Даниел Божиновски го одбрани одлучувачкиот пенал на Марјан Алтипармаковски и го прати Силекс во полуфинале. Претходно за штипските „Сини“ промаши и Антонио Азиновиќ, а за кратовци Стојан Стојчевски.

Се одиграа само три натпревари бидејќи дербито Пелистер - Вардра во Битола не ни започна поради снег и замрзнат терен.

Полуфиналните натпревари ќе се играат напролет, а засега е непознато дали ќе се чека прво да се одигра преостанатиот натпревар или жрепката ќе биде направена и без него.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе