Пендаровски: Забрана за влез на европратеник и други бугарски политичари

Најновиот развој на настаните во односите со Бугарија бил во фокусот на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, изјави по средбата шефот на државата Стево Пендаровски.

Советот за безбедност со предлог до владата да се забрани влез во земјава на еден европратеник и неколку други лица. Според претседателот Пендаровски, постојат сомневања дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.

Тој рече дека се очекува на 4 февруари организирана група да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, сѐ до гробот на Гоце Делчев.

– Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи се работи за органзирани активности од стана на структури во соеседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачката рамка во јули, минатата година. Истите овие структури се веќе мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари, кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува, рече Пендаровски.

На седницата шефот на дипломатијата реферирал за посетата на Украина одржана во својство на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, чиј главен приоритет ќе биде токму војната во оваа земја. За состојбата во Косово реферирала министерката за одбрана Славица Петровска и началникот на ГШ, каде наши војници се дел од мисијата на КФОР.

На седницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе