УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Пеп: Бевме блиску, но не успеавме

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гуардиола, жали за пропуштената шанса неговиот тим да обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите до кое го делеа неколку минути.

Сити синоќа загуби на госувањето кај Реал Мадрид со 3:1 по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија со 2:1, а вкупниот резултат беше 5:5.

„Бевме блиску, но на крајот не се пласиравме во финалето. Сè е едноставно. Во првото полувреме не одигравме доволно добро, но немавме посериозни проблеми. По постигнувањето на нашиот гол одигравме подобро. Го најдовме нашето темпо, нашата игра, играчите се чувствуваа удобно. Реал во последните 10 минути нападна со сите сили, а ние настрадавме. Многу од нивните играчи влегоа во шеснаесетникот, меѓу кои Милитау, Родригу, Винисиус, Бензема. Нафрлија и погодија двапати. Не ја прикажавме нашата најдобра игра, но тоа е нормално, бидејќи е полуфинале. Играчите го почувствуваа притисокот и сакаа да успеат. Фудбалот е непредвидлив. Треба да го прифатиме. Треба да се преиспитаме и да се вратиме назад. Имаме уште четири натпревари пред нас во домашното првенство, изјави Пеп.

Каталонецот по шести пат е елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите со што го повтори антирекордот на Жозе Мурињо.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе