ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Пеп: Го испија цел алкохол, па покажаа зошто се шампиони

Предводникот на „Граѓаните“ му честиташе на Брајтон за ремито против старо-новиот шампион, но и ги пофали своите играчи.

Заостанатиот натпревар од 32. коло на Премиер лигата се одигра синоќа, а Манчестер Сити гостуваше кај Брајтон и одигра 1:1. Сити поведе преку Фил Фоуден во 25. минута, а во 38. минута израмни Парагваецот Хулио Енсисо.

Англиските новинари забележаа дека двата тима одиграле прилично симпатичен и забавен натпревар, иако имаше само два гола, а два, по еден за двата тима, беа поништени од ВАР,

„Благодарам многу, мислам дека тоа е најголем комплимент и за Брајтон и за нас. Двата тима сакаа да играат со топка и без топка, двата тима покажаа желба и агресивност, дадоа извонредни голови, особено младиот Енсисо. Беше тоа навистина добар натпревар, му честитам на Брајтон што заслужено си обезбеди место во Лига Европа. Тоа 100% го заслужија поради начинот на кој играат“, изјави Пеп Гуардиола.

Тој особено ги пофали своите играчи оти одигра така добро по големото славје за освоената титула во Премиер лигата збогатено со многу алкохол.

„Играчите на Манчестер Сити покажаа зошто се шампиони. Само 48 часа откако го испија целиот алкохол во Манчестер, дојдовме овде и одигравме добар натпревар. Затоа сме шампиони. И тоа трае. Овие играчи веќе долги години покажуваат нешто посебно“, додаде.

Remote video URL

Манчестер Сити до крајот на сезоната има шанса да освои уште два трофеја. На 3 јуни на „Вембли“ ќе го игра ФА куп финалето против лутиот градски ривал Манчестер Јунајтед, а една недела подоцна, на 10-ти, ќе го игра големото финале од Лигата на шампионите против миланскиот гигант Интер во Истанбул.

реклама

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе