УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Пеп очаен по новиот пораз: Смешно е, не можам да се справам со ситуацијата

Тренерот на Манчестер Сити, Жузеп Гуардиола, ја презеде одговорноста за поразот од Реал Мадрид (2:3) во првиот натпревар од плеј-офот за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Каталонецот призна дека Сити направил многу грешки, но и дека сѐ уште верува во пласман во следната фаза од натпреварувањето.

„Се случувало многу пати. А, ако нешто често се случува, тоа значи дека не наоѓаме решение. Ова беше првата година кога Реал беше подобар. Тие беа подобри со топката, ние бевме малку нервозни. Тоа се работи што често се случуваа во текот на годината. Ќе се обидеме да ја свртиме ситуацијата, ментално е тешко. Имаме тешки натпревари и патувањето во Мадрид. Поразот е за сите нас, не само за играчите. Не обвинувам само еден, тоа е смешно. Тоа е вистината. Имаат волја, се трудат, но не сме стабилни. Очекував ваков Реал. Секогаш се закануваат длабоко, со четворица напред. Немам на што да се жалам, знаеме против кого игравме“, рече Пеп.

Тој особено го спомена голот кој ја промени играта постигнат во 92. минута.

„Тешко е да се справиме со тоа, но вистината е дека тоа често ни се случува. Кога водите со 2:1, не знаете дали да напаѓате или да се браните. Тоа е нормално. Играчите носеа одлуки во моментот и понекогаш успеваа, понекогаш не. Ќе се обидеме да се подобриме во следните натпревари. Реал играше многу добро, имаше свои шанси. Можевме да победиме, но не успеавме да го одржиме резултатот. Овде сум многу години и бевме извонреден тим, но во моментов не можам да се справам со ситуацијата“, додаде каталонскиот стратег.

Remote video URL

Ги коментираше и провокациите на навивачите на Сити кон Винисиус, велејќи дека тоа можеби го мотивирало Бразилецот, за кого смета дека е неверојатен играч.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе