НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ

Пеп таличен за Селтикс: Бостон го уништи Далас на стартот од финалето

Бостон Селтикс ноќеска го победи Далас Маверикс со 107:89 на стартот од финалната серија на НБА.

Домашните веќе водеа со 37:20 по првата четвртина и натпреварот беше еднонасочен од почетокот.

Во еден момент имаше и 29 поени предност за Бостон, а Далас иако на средината на третата четвртина намали на 72:64, до крајот остана без сила и доживеа убедлив пораз.

Бостон до победата го предводеа Џејлен Браун со 22 поена, Кристапс Порзињѓис, кој се врати по едномесечната повреда, со 20 поени и Џејсон Тејтум со 16 асистенции.

На Далас не му помогна одличниот Лука Дончиќ со дабл-дабл од 30 поени и 10 скока, а Кајри Ирвинг потфрли со само 12 поени и многу лоша шутерска реализација од 6/19.

Големо внимание на трибините привлече тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гуардиола, кој се појави во „ТиДи Гарден“ и ги бодреше Селтикс, а носеше и клупски дуксер.

Следниот меч од серијата се игра ноќта меѓу недела и понеделник, повторно во Бостон, со почеток во 2 часот по македонско време.

Селтикс ја бркаат својата прва титула од 2008 година, а евентуалната нова титула би била нивна 18-та во историјата, што повторно би ги направило независни рекордери, со оглед на тоа што моментално се изедначени со Лос Анџелес Лејкерс со по 17 титули.

Од друга страна, Маверикс предводени од одличниот Словенец Лука Дончиќ ја ловат втората НБА титула во својата историја откако Дирк Новицки ги предводеше до првата во 2011 година.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Кошарка

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Read more

Јончевски го објави списокот за натпреварите со Естонија и Полска

Read more

Кајри и Јанг ќе настапат на Ол-стар натпреварот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Читај повеќе

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп очаен по новиот пораз: Смешно е, не можам да се справам со ситуацијата

Читај повеќе