Перес: Да го донесеме Роналдо? Повторно? Па, тој има 38 години

Кристијано Роналдо во новата сезона влезе како играч на Манчестер Јунајтед, но, според светските медиуми, тој е незадоволен и бара клуб во кој ќе може да се бори за титули во Лигата на шампионите и шампионат.

Чувствува дека Јунајтед нема да може да му го понуди тоа, а тоа што во првиот натпревар беше резерва и одигра само дел од второто полувреме во поразот од Брајтон и Хоув Албион, секако не е она што го задоволува. Но, опциите за трансфер се сè помали и помали.

Португалскиот ас наводно им бил понуден на многу гиганти на европскиот фудбал, но засега не е пронајден никој што ќе го прифати неговото доаѓање. Одбиен од ПСЖ, не го сакаа во Баерн и Челси, Атлетико ја отфрли можноста да го доведе, а нема да се врати ниту во Реал Мадрид.

Ова е заклучокот на медиумите кои ја пренесуваат изјавата на претседателот на тој клуб, Флорентино Перес, кој одговори на прашањето на навивачите за можното враќање на Португалецот. „Да го донесеме Роналдо? Повторно? Па, тој има 38 години“, рече Перес на поминување.

Роналдо, кој во февруари следната година ќе го прослави својот 38 роденден, играјќи за Реал го заслужи статусот на легенда на тој клуб.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе