Перес и Инфантино на преговарачка маса: Има многу теми, но две се клучни

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ќе седнат на преговарачка маса за да одредат некои од многу важните точки на заедничката соработка.

Според шпанските медиуми, на средбата ќе има неколку важни теми, но се издвојуваат двете најважни - учеството на Мадрид на Светското клупско првенство во САД следната година, како и потенцијалната одлука за одигрување на финалниот натпревар на Мундијалот во 2030 година на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.

Актуелните шампиони во Лигата на шампионите во изминатиот период во неколку наврати, предводени од тренерот Карко Анчелоти, изјавија дека не им се допаѓа форматот на Светското клупско првенство во кое не се знае точната распределба на финансискиот колач, па се заканија дека нема да учествуваат во тој проект.

ФИФА е свесна дека без клуб од толкава големина како Реал Мадрид натпреварувањето не би било многу интересно, па челниците на светската куќа на фудбалот се подготвени да седнат и да ги слушнат барањата на мадриѓаните.

Исто така, како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал смета дека финалето на Светското првенство во 2030 година, кое речиси сигурно заеднички ќе го организираат Мароко, Португалија и Шпанија, треба да се игра на реновираниот стадион „Сантјаго Бернабеу“, додека исти амбиции имаат и Мароканците, но и претставниците на локалната власт во Барселона.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Фудбал

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Read more

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Read more

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Read more

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе