По речиси три децении од објавувањето на популарната песна „Jeremy“, американскиот гранџ бенд „Перл џем“ ја објави нецензурираната верзија на видеоспотот за оваа сѐ уште контроверзна песна.
Видеоспотот за „Jeremy“ беше снимен на почетокот на 90-тите и тогаш музичката телевизија MTV го цензурираше и досега не била прикажана изворната верзија. Во спотот се прикажува насилен тинејџер кој се самоубива пред своите соученици.
Спотот освои четири награди на доделувањето на MTV Music Awards во 1993 година, но стекна репутација и статус на контроверзен бидејќи набрзо по објавувањето на видеозаписот во САД се случија неколку масовни пукања во училишта низ земјата.
Членовите на бендот објаснија дека нецензурираната верзија ја објавуват во рамки на светскиот ден за подигнување на свеста за насилството со огнено оружје.