НАСА објави снимки

Perseverance конечно го виде Марс од повисоко

Мисијата на НАСА на Марс, поточно роверот Perseverance, продолжи со истражување на оваа планета, а овојпат агенцијата објави информација дека роверот стигнал и до кратерот Језеро.

Локацијата на работ на кратерот го доби името „Lookout Hill“, а Perseverance пристигна таму по неколкумесечно искачување. Ова е исто така првпат оваа локација да биде истражена како дел од мисијата.

Искачувањето траеше околу 3,5 месеци, а должината беше 500 вертикални метри. Во таа прилика, роверот се искачи на наклон од 20 проценти и застана на патот за научни набљудувања.

„За време на искачувањето до работ на кратерот Језеро, нашите возачи на роверот завршија одлична работа „водејќи битка“ на некои од најтешките терени што сме ги сретнале од слетувањето“, рече Стивен Ли, заменик-менаџер на проектот Perseverance во Jet Propulsion Laboratory на НАСА во Јужна Калифорнија.

Remote video URL

Од слетувањето на Језеро во февруари 2021 година, Perseverance заврши четири научни мисии. Во текот на првата година од кампањата Northern Rim, се очекува роверот да посети дури четири локации од геолошки интерес, да земе неколку примероци и да вози околу 6,4 километри.

„Овој дел од мисијата ја означува нашата транзиција од карпите што делумно го исполнија кратерот Језеро формиран од масивен удар пред околу 3,9 милијарди години до карпите длабоко во внатрешноста на Марс кои го формираа работ на кратерот по ударот“; изјави проектниот научник Кен Фарли.

Клучна цел на мисијата на Perseverance на Марс е астробиологијата, вклучувајќи собирање примероци кои може да содржат знаци на древен микробиолошки живот. Роверот ќе ги дефинира геологијата и климата на планетата за да помогне да се отвори патот за човечко истражување на Црвената планета.

Remote video URL
реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Наука

Конечно знаеме како славниот „римски бетон“ го издржал тестот на времето

Read more

Дали „втората Месечина“ на Земјата е само реликвија од СССР?

Read more

Зошто не треба да го истурате талогот од кафе во одводот?

Read more

Ново технолошко чудо од Кина генерира електрична енергија над облаците

Read more
 

Гик

  • filter

Ултратенкиот Motorola Edge 70 е достоен ривал на iPhone Air

Читај повеќе

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Google го интегрираше Gemini во Google Maps

Читај повеќе
  • filter

Ханле е село каде што ѕвездите се на дофат

Читај повеќе

Запознајте ја планетата TOI-1452 b - бесконечен океански свет

Читај повеќе
  • filter

Новата железничка рута воодушевува: 1.400 километри низ најубавите предели во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Toyota претстави „столица што оди“ на саемот во Токио

Читај повеќе

Гејмерите сега можат да стримуваат PS5 игрици преку cloud на PlayStation Portal

Читај повеќе
  • play_arrow

Avenga Academy со стручност и посветеност ги издигнува своите студенти

Читај повеќе