Песков: Ситуацијата со Навални е внатрешно прашање на Русија

„Притворот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е внатрешно прашање на Русија, па затоа Москва нема да слуша никакви странски изјави или реакции на ова прашање“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги бројните повици од западноевропските земји за итно ослободување на Навални.

Песков истакна дека во случајот со Навални станува збор за руски државјанин кој го прекршил законот.

„Слушнавме за изјавите од странски земји, но во овој случај нема да ги земеме предвид, бидејќи тоа е апсолутно внатрешно прашање на една земја, ниту, пак, планираме да ги коментираме. Ние и натаму сакаме добри односи со сите, независно од случајот на еден граѓанин, рече Песков“, пренесе Тасс.

Песков истакна дека сослушувањето на Навални не бараше посебно внимание од рускиот претседател Владимир Путин.

„Оваа ситуација не бара присуство на претседателот. Правата на сите руски граѓани се загарантирани со закон, и ние ќе пристапиме кон овој случај како и кон секој друг, заклучи Песков.

Навални во неделата вечерта беше уапсен во Москва по враќањето од Берлин затоа што, според руските власти, ги прекршил условите на затворската казна, која му била суспендирана затоа што во Берлин се лекуваше од труење со нервниот агенс „Новичок”.

Навални го обвини Кремљ дека стои зад нападот, но високи руски претставници го негираа тоа, а опозиционерот вчера се појави на судското рочиште во Химки, предградие на Москва. 

реклама

Принцот Филип опериран од срце во стотата година од животот

Read more

Кој е најмудриот хороскопски знак според астролозите?

Read more

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години

Read more

L'Equipe не штедеше навреди за Ѓоковиќ, дури и на лично ниво

Read more

Свет

СЗО: Откажете се од патентите, сите земји да произведуваат вакцини

Read more

Папата пристигна во историска посета на Ирак

Read more

Расте бројот на починати и заразени во Италија

Read more

Во светот годишно се фрла една милијарда тони храна

Read more
 

Вести

СЗО: Откажете се од патентите, сите земји да произведуваат вакцини

Читај повеќе

Не се изгласаа измените на Законот за државјанство, Алтернатива и АА најавија блокирање на други закони

Читај повеќе

843 нови случаи на COVID-19, 11 починати

Читај повеќе

Кривични за шест скопјани за прикажување фалсификувани ПЦР тестови

Читај повеќе

Иницијатива на 38 граѓански здруженија за сестрана заштита на Водно

Читај повеќе

Игор Спасов екстрадиран и сместен во Идризово

Читај повеќе

Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ

Читај повеќе

СДСМ ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори

Читај повеќе

Кривична за беровци поради организирање прослава во затворен простор

Читај повеќе