Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Помеѓу 2022 и 2024 година, во Европа се појавија значителни врнежи од песок или прашина од Сахара. Овој феномен е познат по надреалната магла помеѓу портокалова и жолтеникава боја.

Без оглед на различните теории на заговор, прашината од Сахара сè уште игра важна улога во влијанието на климатскиот систем на нашата планета, како и на сончевото зрачење, облачноста, па дури и на квалитетот на воздухот. Тоа влијае и на нашето здравје. Покрај механичките ефекти врз нашиот респираторен систем, сѐ уште зборуваме за ситни честички кои можат да се вдишат, велат научниците кои го земаат предвид составот на прашината.

Новата студија предводена од научници од Универзитетот „Париз-Саклај“ се фокусираше на анализата на пустинските честички кои паднаа во Европа во 2022 година, собрани благодарение на соработката на неколку научници.

Од над 100 земени примероци, биле анализирани околу 50, кои доаѓаат од 6 земји: Австрија, Белгија, Франција, Германија, Луксембург и Шпанија. Целта била да се открие потенцијалниот транспорт на радиоактивни изотопи како што се цезиум-137, плутониум-239 и плутониум-240, кои биле идентификувани со внимателни лабораториски истражувања. Покрај контаминацијата на позадината од американските и поранешните советски нуклеарни тестови во минатиот век, кои се меѓу главните извори, студијата открива и специфична компонента поврзана со нуклеарните тестови спроведени во самата пустина Сахара, пренесуваат светските медиуми.

Станува збор за озлогласената серија Reggane во Алжир, збир од 4 атмосферски нуклеарни тестови што Франција ги изврши во пустината на југот на Алжир помеѓу февруари 1960 година и април 1961 година до слепило, вклучително и вродени малформации.

Како и тестовите во други земји, радиоактивниот испад од атомските експлозии, извршени во Центарот за воени експерименти во Сахара, беше таложен во околината, а со тоа и во пустинската прашина, која, се разнесува понатаму во светот. Според пресметките на научниците, секоја година овој северноафрикански регион испушта стотици милиони тони сахарска прашина. Дури 12% стигнуваат до Европа со интензивни појави какви што се забележани во последните години.

Бидејќи некои беа особено значајни, истражувачите сакаа да ја истражат радиоактивноста на оваа прашина. Сепак концентрациите на цезиум-137, плутониум-239 и плутониум-240 при анализа не беше откриено дека претставуваат закана за јавното здравје.

„Радиоактивната контаминација откриена во сите примероци не претставува ризик за јавното здравје во однос на изложеноста на радиоактивност“, пишува авторот на студијата.

Оваа радиоактивност, сепак, е предупредување за последиците од непромислените човечки постапки, особено оние поврзани со употребата на оружје за масовно уништување, што може да влијае на луѓето и животната средина многу долги периоди, се наведува во истражувањето.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Вести

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Read more

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Read more

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Read more

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Read more
 

Гик

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Читај повеќе

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Читај повеќе

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Читај повеќе

Nintendo Switch 2 се очекува во јуни, позната и цената

Читај повеќе

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Читај повеќе

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Читај повеќе