Саудиска Арабија воведува строги рестриктивни мерки за да го заштити населението од коронавирусот.
Донесена е одлука да се воведе петдневен 24-часовен полициски час за време на претстојниот верски празник Бајрам, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицискиот час ќе биде на сила од 23 до 27 мај, објави државната новинска агенција SPA.
Дотогаш, бизнисите ќе останат отворени во саатниците што се во моментов на одредени и луѓето ќе може слободно да се движат од 9 до 17 часот, освен во Мека каде има 24-часовен полициски час.
Саудиска Арабија претходно воведе 24-часовен полициски час на повеќе места, но постепено ги ублажи рестриктивните мерки на почетокот на Рамазан.