Пет големи научни откритија во последните 10 години

Од откривањето на сложени органски молекули на Марс до големите успеси во генетското модифицирање и подемот на вештачката интелигенција, овие научни откритија ја дефинираат науката во последната деценија.

1. Дали сме сами во вселената?

Сè уште не знаеме дали на Марс некогаш постоел живот, но благодарение на роверот Curiosity на НАСА, знаеме дека Црвената планета поддржувала живот.

По слетувањето во 2012 година роверот забележа заоблени камчиња, нов доказ дека на таа планета пред повеќе милијарди години течеле реки. Оттогаш се собрани уште докази дека на Марс навистина имало многу вода и дека површината на планетата била прекриена со топли извори, езера, можеби и океани.

Во 2014 година роверот откри присуство на елементи кои ја прават основата на животот, сложени органски молекули. Со тоа продолжува потрагата по докази дека животот каков што го познаваме на Земјата не е единствен во вселената. Идната година ќе бидат лансирани два ровери кои ќе трагаат по древни микроби.

2. Ајнштајн беше во право (повторно)

Лансиран во 2009 година вселенскиот телескоп Kepler успеа да идентификува повеќе од 2.600 планети надвор од Сончевиот Систем, познати како егзопланети. Астрономите веруваат дека секоја ѕвезда има планета, што значи дека постојат милијарди.

Наследникот на Kepler, телескопот TESS, НАСА го лансираше во 2018 година со цел да ја продолжи потрагата по вонземски живот.

Во идните 10 години можеме да очекуваме подетални анализи од хемискиот состав на атмосферите на планетите. Оваа година за првпат научниците успеаја да фотографираат црна дупка, благодарение на телескопот Event Horizon. Сепак, еден настан од 2015 година отскокнува од другите, а тоа е детекцијата на гравитациони бранови. Судирот на две црни дупки пред 1,3 милијарди години бил толку силен што брановите минале низ вселената патувајќи со брзина на светлината. Тоа утро, конечно стигнале до Земјата.

Феноменот е предвиден од Алберт Ајнштајн во неговата теорија за релативитет и ова беше доказ дек тој бил во право. Тројца Американци добија Нобелова награда за физика во 2017 година за нивната работа на тој проект и оттогаш се детектирани повеќе гравитациони бранови. Космолозите во меѓувреме продолжуваат да дебатираат за потеклото и составот на вселената.

3. Добредојдовте во ерата на уредување на гени

Биомедицината сега може да се подели на две ери, од кои една е почната во изминатата деценија: пред и по методата на уредување на гени CRISPR-Cas9.

„Уредувањето на гените со CRISPR методата отскокнува од сите други методи“, изјави Вилијам Келин, добитник на Нобел за медицина во 2019 година.

Во 2018 година кинески генетичар откри дека се родени близначки на кои им направил промени на гените, односно уредување на гените со CRISPR методата. Тој наиде на осуда во научната фела бидејќи ги занемарил научните и етички норми и е осуден на 3 години затвор.

Методата CRISPR сепак е една од најголемите научни приказни во последните години и научниците очекуваат негова употреба во борбата против болести.

4. Имунотерапијата во прв план

Луѓето со децении имале три главни оружја за борба против ракот: операции, хемотерапија и зрачење. Во изминатите 10 години во подем е четвртата метода во која долго се сомневаше, имунотерапијата.

Една од најнапредните техники е терапијата CAR T – во која видови бели крвни клетки се собираат од крвта, се модифицираат и се враќаат во телото.

Од средината на 2010 година на пазарот се појавија низа лекови за рак вклучително и за меланоми, лимфоми, леукемија и рак на белите дробови.

Според Вилијам Кенс, научниот директор на Американското здружение за рак, идната деценија може да донесе нови имунотерапии кои би биле подобри и поевтини од сегашните.

5. Напредокот на вештачката интелигенција

Станува збор за технологија која се наоѓа зад најголемите успеси на деценијата: од AlphaGo на Google, кој го победи светскиот првак во ужасно тешката игра Go во 2017 година до гласовни преводи во реално време и напредно препознавање на лица на Facebook.

Во 2016 година Google Translate, на пример, се промени од услуги кои во најдобар случај даваа извештачени преводи, а во најлоша бесмислени, до услуги кои овозможуваат далеку поприродни и поточни преводи.

Според Макс Јадерберг, научник од Google Alphabet, идниот голем скок ќе го овозможат алгоритамите кои можат да пронајдат информации и брзо се адаптираат и ги усвојуваат податоците па делуваат на основа на новото знаење, наместо да зависат од тоа луѓето да им дадат точни податоци.

Тоа ќе го отвори патот кон општата вештачка интелигенција или машините кои ќе извршуваат какви било задачи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе