Пет моќни навики со кои ќе станете успешен лидер

Сигурно веќе сте ја слушнале изреката дека лидер не се раѓа, лидер се создава.

Како и за многу други работи во животот, треба да имате вроден потенцијал или талент за да бидете успешни, но сѐ останато зависи од тоа како ќе го искористите тоа и колку сте подготвени да работите на себе и своето усовршување.

Кога ќе поминете некое време со вистински лидер, веднаш ќе почнете да го препознавате нивното однесување и некои навики што им се карактеристични на сите успешни луѓе.

Некои од овие навики и карактеристики не се видливи на прв поглед, напротив се суптилни и токму најдобрите лидери ги прават нештата на начин на кој не се наметнуваат, а сепак даваат резултати.

Ова се пет навики на успешните лидери што може да ги примените за да бидете успешни во своето поле на работа:

Постојано доусовршување

Вистинските лидери се и постојани ученици. Тие секогаш сакаат да стекнат повеќе знаење, нови вештини, да се подобрат во она што го прават и начинот на кој го прават тоа, а таквата енергија ја пренесуваат и на луѓето околу себе. Знаат дека треба да го дочекаат новото време подготвени и затоа се опремуваат со неопходните вештини за тоа.

Се опкружуваат со успешни луѓе

Луѓето кои се стремат кон успех заснован на трудољубивост и знаење знаат дека треба постојано да учат и тоа од сопственото опкружување. Тие не се плашат да го споделат своето знаење и веруваат во делење на знаења и вештини. Затоа се опкружуваат со подеднакво успешни и способни луѓе покрај кои и самите црпат идеи и енергии и се помагаат да остварат поголеми цели. Тие знаат дека успехот не вреди ништо ако од него нема корист поширокото опкружување.

Маратонци, не спринтери

Успешните лидери го прифаќаат фактот дека подобрувањето е процес. Тие се исклучително стрпливи и не очекуваат да постигнат резултати преку ноќ. Напротив, тие знаат дека чекорите што ги прават секој ден водат кон раст со тек на време. Најдобрите лидери не го преценуваат она што може да го направат за кратко време, ниту го потценуват она што може да го постигнат на долги патеки.

Отворени се за критика

Успешните луѓе не се колебаат да побараат совет или мислење за тоа што го работат, а добиените информации и критики ги прифаќаат отворено и ги доживуваат како шанса за личен развој, а не напад. Преземаат одговорност за направеното и на тој начин ја градат атмосферата во работната средина. Тие знаат дека од грешките треба да се учи и дека некои од најголемите откритија на светот биле остварени после многу неуспешни обиди.

Човечност

Ова повеќе се вбројува во лични карактристики, отколку во навики, но и човечноста треба да се практикува за да има ефект. Вистинските лидери знаат дека успехот зависи од целиот тим. Тие го гледаат секој член на тимот како индивидуа – нивните доблести и маани, нивните вештини, карактерни црти, услови на работа, лични приказни... Имаат увид во тоа што им треба на луѓето со кои работат и се трудат да им овозможат што е можно подобри услови за работа и личен развој, без страв дека ќе бидат надминати или засенети. Напротив, се радуваат на туѓиот успех и знаат дека тоа ќе им помогне кон градење на својот успех.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе