Прво мора да бидете искрени кон себе, но и кон партнерот. Секогаш треба добро да размислите што навистина сакате и зошто сакате да стапите во брак.
Експерти за брак советуваат прво да си одговорите на овие пет прашања, пред да се одлучите за брак:
Многу жени се во врска со мажи кои мислат дека можат да ги променат. Не, вие немате магично стапче и не сте самовила која има моќ да претвори некого во нешто што не е.
Океј, можеби размислувате во правецот дека тој ви се допаѓа, но постојат работи кои не ви се допаѓаат кај него, но со текот на времето тој ќе се промени. Не, и во двата случаи сте во заблуда. Во вториот можеби и во поголема заблуда.
Луѓето не се менуваат затоа што ние го сакаме или очекуваме тоа од нив. Во повеќето случаи, човекот за кој ќе се омажите останува таков каков што е до крајот на животот.
Голем број девојки се опседнати со оваа идеја, а не размислуваат што всушност претставува бракот. Ако во суштина ве привлекува венчавката, тогаш подобро е да почекате со одлуката за стапување во брак. Факт е дека уште од мали сме задоени со идејата „среќни до крајот на животот“, но за таа среќа е потребно многу повеќе од гламурозна венчавка.
Можеби воопшто не ви паѓа на ум да се омажите, но факт е дека бракот на некој начин е „заразен“. Ако повеќето ваши пријателки се во брак и на пат да станат мајки, можеби размислувате дека сега е вистинското време и вие да стапите во брак. Можеби дури и малку им завидувате бидејќи мислите дека и вие сакате таков живот. Но, добро би било да застанете малку и да се запрашате дали СЕГА го сакате тоа?
Дали сега сте со вистинскиот за вас? Сигурно не сакате да се омажите и се обврзете до крајот на живот само затоа што сите околу вас го прават тоа, па чувствувате и вие притисок дека е идеално време и за вас.
На одредена возраст, идејата за брак може да звучи како логичен чекор. Вашите пријатели сметаат дека треба да се омажите, а вашите родители стапиле во брак на ваши години. Можеби на вас гледаат со неодобрување бидејќи живеете во вонбрачна заедница. Исто така, може да се случи да забремените, па бракот да изгледа како следниот логичен чекор.
Постојат многу причини поради кои општеството ќе ги наведе да се венчате. Но, запрашајте се дали стапувате во брак за вас самите или поради другите?
Дали мислите дека партнерот е вистинскиот за вас или само потклекнувате на притисокот околу вас?
Клучен дел за успешен брак се ускладени вредности, цели и традиции кои и двајцата ги почитувате. Треба да бидете сигурни дека имате исти погледи кон иднината.
Не би сакале да фантазирате за семејство со некој мисли само на кариерата. Сакате да имате исти цели и затоа не треба да претпоставувате дека и тој го сака истото што и вие. За некои работи треба однапред да разговарате.