Пет работи кои никако не треба да ги пребарувате на Google

Интернет измамите се многу чести, а некои од нив лесно може да ги препознаете. Можеби сметате дека сте вешти во препознавање онлајн измами, но дали знаете дека на нив може да наидете дури и кога на Google пребарувате за обични работи?

Ова се некои од работите кои никако не треба да ги пребарувате на Google:

1. Број на корисничка служба

Да се пронајде корисничкиот број на некоја поголема фирма понекогаш и не е толку едноставна работа. Кога станува збор за големите светски компании, тоа станува уште потешко, а повеќето всушност овозможуваат корисничка поддршка преку чет на официјалните страници.

Не треба преку Google да ги барате корисничките служби бидејќи дури и топ резултатите може да ве доведат до лажни телефонски броеви. Ако ги повикате, можат да ви побараат доверливи лични податоци.

Исто така, може да наидете на злонамерни линкови кои можат да го заразат вашиот уред. Кога ви е потребен број на корисничка служба, барајте го само на официјалната страница на компанијата.

2. Техничка поддршка

Кога ќе се појават проблеми со електроника, може да се случи да пребарувате на Google за да најдете контакт од техничка поддршка која би можела да го реши вашиот проблем. Притоа, може да кликнете на некои од првите резултати кои Google ќе ви ги понуди, а тоа може дополнително да ги влоши проблемите

Измамниците се вешти во креирање лажни интернет страници кои на прв поглед делуваат легитимно. Ќе бараат од вас некои лични податоци, а може и да побараат однапред да платите за поправка, па само може да останете без пари.

3. Финансиски услуги и апликации

Благодарение на интернетот, не мора да излеземе од дома кога сакаме да платиме за некоја услуга. Сепак, при тоа треба да бидеме внимателни бидејќи финансиите може да ги изложиме а одредени ризици.

Сè повеќе апликации нудат едноставно плаќање на услугите, а со тоа ризикот од можни измами е поголем, па бидете многу внимателни чии услуги користите, кои апликации за плаќање ги користите, кому му давате доверливи податоци и погрижете се секогаш да ги користите само официјалните страници и апликации.

4. Апликации

Денес постои апликација буквално за се што ни е потребно, но сите апликации не се безбедни. Ако преземете апликација од некој непроверен извор, вашиот уред може да биде изложен на злонамерни софтвери.

Значи, апликациите преземајте ги од проверени страници како што се Apple Store и Google Play Store.

5. Купони

Сите сакаме да заштедиме некој денар, особено сега кога цените се многу повисоки. Купоните се еден од начините за заштеда, но немојте да барате кодови на Google.

Ако на интернет видите купон кој нуди 50% попуст, па дури и повеќе, и кликнете на тоа, може да бидете пренасочени на лажна страница која од вас може да бара лични информации во замена за купон. Тоа е аларм што треба да ве предупреди дека нешто не е во ред.

Ако сакате попуст, секогаш следете ги официјалните страници за трговија и услуги кои ве интересираат за да проверите дали постојат некои промо акции.

Тагови
реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе