Пет работи што можеби не сте ги знаеле за Белорусија

Во неделата, белорускиот претседател Алјаксандр Лукашенко официјално го освои шестиот мандат на спорните избори, а демонстрантите низ целата земја излегоа на улиците.

Но, колку знаете за оваа земја?

Еве пет работи кои можеби ве интересираат, од катастрофата во Чернобил што ја погоди Белорусија, до врвна спортистка која доаѓа од оваа источноевропска земја.

Белорусија пропорционално претрпе најголемо разорување од сите земји во Втората светска војна

Се верува дека Белорусија изгубила околу 25 проценти од своето население за време на Втората светска војна, откако нацистичка Германија изврши инвазија врз СССР.

За време на војната во Белорусија беа убиени 600.000 советски војници и повеќе од 1,6 милиони цивили, вклучувајќи го и скоро целото еврејско население.

Околу 85 отсто од Минск, главниот град, беше уништен во бомбардирањето и беше повторно изграден во 1950-тите и 1960-титевгодини.

Белорусија има претседател со најдолг стаж во Европа

Според официјалните резултати, Алјаксандр Лукашенко победи на изборите во неделата со повеќе од 80 проценти од гласовите.

Меѓутоа, немаше набљудувачи, што предизвикува сомнежи за местење на изборите. Главниот противник, Светлана Тихановскаја одби да ги прифати резултатите.

Лукашенко дојде на власт во 1994 година.

Неговата цврста рака е често мета на критики од западните земји. Во 2005 година, администрацијата на Џорџ Буш го опиша како „последен диктатор во Европа“ на чело на „една тиранија“.

Лукашенко еднаш предупреди дека секој што ќе се приклучи на протестот на опозицијата ќе се третира како „терорист“, додавајќи: „Ние ќе ги удавиме како патки“.

Организациите за човекови права го обвинуваат за бројни прекршувања.

Атентаторот на претседателот Кенеди, Ли Харви Освалд, живеел во Минск

Освалд, поранешен маринец, пристигнал во СССР на 20-годишна возраст, тврдејќи дека е марксист.

КГБ ја отфрли неговата апликација за членство и на денот кога му истекла туристичката виза, Освалд си ги пресекол вените. Стравувајќи се од меѓународен инцидент, советските власти му дозволиле да остане.

Освалд бил испратен во Минск, каде добил работа во фабрика за радио и ТВ апарати. Живеел во двособен стан во центарот на градот. Тој бил еден од ретките странци во Минск и единствениот Американец.

Тој се оженил со Марина Прусакова во март 1961 година. Следната година добиле ќерка, а во 1962 година се преселиле во САД.

На 22 ноември 1963 година, Освалд го застрела и го уби американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во Далас, Тексас.

Околу 70 отсто од радиоактивниот отпад од Чернобил падна во Белорусија

Еден од четирите нуклеарни реактори во нуклеарната централа Чернобил во Украина експлодираше на 26 април 1986 година. Настанот е опишан како најтешка нуклеарна катастрофа во светот.

Токсичен облак опфати големи делови на Европа. Соседната Белорусија го доби најтешкиот дел од радиоактивното влијание - околу 70 проценти од добиените опасни честички паднаа во оваа земја.

Една петина од земјоделското земјиште беше загадено, а повеќе од 2.000 градови и села беа евакуирани. Од 1986 година, раселени се повеќе од половина милион луѓе.

Некои контаминанти кои влегоа во земјата и воздухот имаат полуживот од 24.400 години, покажуваат податоците на хуманитарната организација Чернобил Интернешнл.

Катастрофата во Чернобил ја чинеше Белорусија 20 проценти од својот годишен буџет, велат од организацијата и се проценува дека отпадот создаден како резултат на катастрофата ќе ја чини земјата вкупно 235 милијарди долари.

Два милиони луѓе во Белорусија, од кои 500.000 високоризични, живеат во многу загадени зони.

Викторија Азаренка е најуспешна белоруска тенисерка

Викторија Азаренка е првата белоруска тенисерка која го достигна првото место на светската ранг-листа и првата што освои олимписки медал.

Таа освои бронзен медал во женски синглови на Олимписките игри 2012 во Лондон и златен медал во мешани двојки. Таа исто така двапати победи на Австралија опен и двапати стигна до финалето на УС Опен.

Азаренка се натпреваруваше за Белорусија и во ФЕД Купот, чисто женски турнир.

„Душата ми е дефинитивно белоруска и без разлика што ќе се случи и каде и да сум, моите корени секогаш ќе бидат тука“, изјави таа за The Minsk Herald.

„Јас пораснав во Белорусија и моите родители сè уште живеат овде, јас тука се формирав како личност. Кога дојдов во Белорусија, дојдов во татковината“, вели таа.

Откако го роди синот Лео, се врати во конкурентен тенис во 2018 година. Таа за Tennis.com изјави дека нема намера да забави во блиска иднина.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Чек дис аут

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Read more

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе