Пет секс предизвици што треба да ги пробате во 2021

Изминатава година не влијаеше најдобро на интимниот живот на повеќето луѓе, па почетокот на годината е вистинско време да пробате нешто поразлично во спалната соба, смета сексологот Трејси Кокс.

Таа смисли неколку секс предизвици и ве охрабрува да испробате нови методи и искуства за ресетирање и освежување и на телото, и на умот.

Секс со врзани очи

Зошто? Иако сексот на дневна светлина има свои предности, сексот во целосен мрак има свои предности. Со отстранување на сетилото за вид, ги активирате сите други сетила, особено допирот. Ова е причината зошто повеќето луѓе ги затвораат очите кога се бакнуваат или имаат секс, со цел целосно да се фокусираат на чувството за допир.

Како? Употребете марама или превез за очи што го користите за спиење – важно е да не се проѕира. Просторијата нека биде што е можно потемна, а потоа покријте ги очите уште пред да се соблечете. (Отстранувањето на превезот од очите е дел од забавата.) Дури и ако имате секс точно на ист начин како и секогаш, тоа е сосема поинакво искуство кога целосно се потпирате на чувството. Ако не можеме да гледаме, посвесни сме еден за друг, како дишеме и стенкаме и сите други звуци на секс кои обично може да се изгубат кога гледаме. Друг бонус е елементот за изненадување, бидејќи не гледате што прави вашиот партнер.

Оргазам на поинаков начин секој следен пат

Зошто? Колку повеќе различни начини на кои може да се доживее оргазам, толку полесно е да се постигне оргазам и толку повеќе оргазми ќе имате.

Како? Секојпат кога имате секс, достигнете оргазам на поинаков начин. Може да го замените пенетрачкиот за орален секс. Следниот пат, направете го тоа со рака или секс играчка. Важно е само да се менуваат начините на кои се постигнува оргазам. Секој има докажан начин за кој знае дека е најсигурен да се достигне кулминација. Овој предизвик ги поттикнува партнерите да се отворат кон нови методи.

Разговор за сексуални фантазии

Зошто? Колку повеќе паровите зборуваат за секс, толку им е подобар сексот. Ниту еден сексуален проблем не е нерешлив ако имате добра комуникација. Се создава навика да зборувате за секс без притисок и да излезете со нови работи што треба да ги пробате.

Како? Поставете ја стоперката на пет минути. Секој има пет минути да каже што мисли и замислува, а другиот мора да биде потполно тивок. Кога ќе ви дојде редот, наведете пет работи што сакате вашиот партнер да ги прави во сексот и зошто. Следат пет нови работи што би сакале да ги испробате и зошто. Можете да го направите ова спонтано или претходно да подготвите неколку одговори. Што и да ви одговара вам.

Направете нешто секси секој ден во месецот

Зошто? Ве почштедува од чекање на совршени услови за секс. Многу парови се виновни за ова, истовремено чекајќи и двајцата да сакате секс, што мора да се совпадне со времето кога имате приватност и времето за да го направите тоа навистина. Чекањето да се поклопат вашите сексуални желби е причината што многу парови немаат навика да имаат редовен секс.

Како? Се работи за правење нешто секси, а не сексуално. Размислувајте посензуално. Длабок, долг бакнеж со јазик. Масажа додека гледате телевизија. Прочитајте еротска книга заедно. Гледајте порнографија. Пронајдете нови сексуални пози за да ги испробате. Само обидете се да направите една секси, еротска работа, без оглед колку е мала, секој ден во текот на еден месец.

Орален секс наопаку

Зошто? Дури и малите прилагодувања на старите фаворити помагаат да го оживеете вашиот сексуален живот.

Како? Легнете на работ на креветот и спуштете го телото на подот, како да правите стој на раце. Главата и дланките ви се на подот, нозете и торзото се на креветот. Вашиот партнер нека клекне на креветот, меѓу вашите нозе. Бидејќи сте превртени наопаку, притисокот во вените на вашето лице и врат создава прилично зачудувачки сензации. Оргазмот додека сте во оваа позиција е неверојатен!

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Љубов и секс

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе